North Macedonia in the World

Во Копенхаген, во организација на Данскиот филмски институт, беше отворен Фестивал на македонскиот современ филм. На отворањето на Фестивалот, пред бројна публика,  беше прикажан филмот „Исцелител“ на режисерот Ѓорче Ставрески.

Foto Cinamateket

Во селекција на филмскиот критичар и директор на Филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска, данската публика во текот на неделата ќе има можност да ги проследи и филмовите „Превртено“ на режисерот Игор Иванов Изи, „Три дена во септември“ во режија на Даријан Пејовски, „Балканот не е мртов“ во режија на Александар Поповски и „Амок“ на режисерот Вардан Тозија.

Исцелител фото

Овој настан е продожување на успешната соработка меѓу Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ и Данскиот филмски институт, започнат пред неколку години.

На отворањето на Фестивалот, пред публиката се обратија претставникот на Данскиот филмски институт, Јеспер Андерсон, директорот на фестивалот „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска и в.р. амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Данска, Александар Новотни. На отворањето, кое беше на денот на националниот празник Св. Кирил и Методија, проекцијата на „Исцелител“ ја проследија повеќе од стотина посетители.  

Фестивал отворање фото