Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во проштална средба го прими амбасадорот на Република Финска за Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Перти Иконен.

 

200519OA MNR Dimitrov Prostalna sredba so ambasadorot na Finska 7317Министерот Димитров се заблагодари за личната посветеност на амбасадорот Иконен во развивањето на билатералните односи, како и неговиот професионален ангажман кон интензивирање и унапредување на соработката во различни области од заемен интерес.

Министерот потенцираше дека Република Северна Македонија високо ја цени поддршката и искреното пријателството од финската Влада за остварување на нашите стратешки приоритети со очекување истата да продолжи со засилено темпо, особено за време на финското претседавање со Советот на ЕУ, кое започнува на 1 јули 2019 година.

Посакувајќи му среќа и успех во натамошната кариера, министерот Димитров на Амбасадорот му врачи благодарница за неговата посветеност и напори вложени во промовирањето на македонско - финското пријателство.

Скопје, 20 маj 2019 година

Конзуларни услуги