North Macedonia in the World

На 16 мај 2019 година, на свечена церемонија во Претседателската палата во Киeв, новоименуваниот вонредни и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија  во Украина, Крум Ефремов ги предаде акредитивните писма на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

FB IMG 1558018074598

По предавање на акредитивните писма, амбасадорот Ефремов оствари краток разговор со Порошенко, кој изрази задоволство од традиционално добрите и пријателски односи и соработка меѓу двете држави, со уверување за нивно натамошно унапредување во сите области од заемен интерес.