Соопштенија

На Министерската сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа, која се одржува денес во Хелсинки, Финска, учествува делегација на Република Северна Македонија, предводена од заменикот министер за надворешни работи, Андреј Жерновски. Годинешната министерска сесија е во знакот на 70 годишнината од Договорот од Лондон, со кој се основа Советот на Европа, дом на сите европски нации собрани околу вредностите на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Истовремено, шефовите на европските дипломатии дискутираат и за актуелните политички предизвици со кои се соочуваат европските демократии, но и самата Организација.

ZMNR Helsinki 1

Во својот говор, заменикот-министер Жерновски ја истакна пан-Европската димензија на Советот на Европа и важноста на системот на конвенции за заштита и промоција на човековите права, демократските принципи и владеењето на правото. Притоа, беше подвлечено значењето на концептот „Едно општество за сите“ како императив на Владата со кој се обезбедува инклузивност и еднаков третман на сите поединци во македонското општество, што истовремено е и клучно за довербата на граѓаните во институциите и демократските процеси. Беа истакнати и реформските резултати во сферата на правосудството, борбата против корупцијата, социјалната заштита, невладиниот сектор и медиумите, пред се’ за граѓаните и како неопходност за процесот на европската интеграција.

ZMNR Helsinki 2

Заменикот-министер Жерновски одржа и повеќе билатерални средби со шефовите на дипломатиите на повеќе земји-членки, меѓу кои со МНР на Луксембург, Жан Аселборн, со МНР на Холандија, Стеф Блок, со МНР на Грција, Јоргос Катругалос, со МНР на Норвешка, Ине Ериксен Сореиде, МНР на Белгија, Дидиер Рејндерс, со МНР на Турција, Мевљут Чавушоглу, како и со Државниот секретар на Австрија, Андреас Рикен. 

ZMNR Helsinki 4

На средбите беше истакнато значењето на отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, како признание за постигнувањата во македонското општество, но и како инвестиција за продолжување на реформите и влог во стабилноста на регионот на З. Балкан. „Ние испорачавме и затоа очекуваме валоризација на сработеното, како јасен сигнал за Европската иднина на целиот Регион”, истакна ЗМНР Жерновски на средбите.

Од страна на соговорниците беше потенцирано дека Република Северна Македонија претставува добра вест за целиот Регион и ЕУ, и пример за тоа дека преку визионерско лидерство и јасна европска перспектива на Балканот се можни решенија дури и на најделикатните отворени прашања.

ZMNR Helsinki 3

Конзуларни услуги