Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Никола Димитров денес се потпиша во комеморативната книга отворена во Амбасадата на Јапонија во чест на Неговото Величество Нарухито, новиот Император на Јапонија.

 

rsz 1605 280 1

Во книгата, министерот Димитров упати срдечни честитки по повод интронизација на Неговото Величество Нарухито за Император на Јапонија, како и за започнувањето на новата ера „Реива“ во Јапонија, изразувајќи надеж дека, како што симболизира и нејзиното значење, таа ќе донесе уште посветла иднина, исполнета со мир и благосостојба за јапонскиот народ и јапонската држава.

„Уверен сум дека и на односите помеѓу Северна Македонија и Јапонија исто така им претстои светла и успешна иднина и дека јубилејот на 25 години дипломатски односи кој го одбележуваме оваа година, ќе биде момент кој ќе означи нивно натамошно засилување и надградба“, напиша министерот Димитров во книгата со честитки во јапонската Амбасада во Скопје.

Конзуларни услуги