Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, и Генералниот секретар за меѓународни економски односи во Министерството за надворешни работи на Грција, Јоанис Брахос, денеска во Солун остварија средба.

IMG 6597

Иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донесовме заклучок и ги поставивме политичките основи за одржување на првата пленарна седница на Групата во јуни о.г. Во тој контекст, беа потпишани и упатени писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија (ЕУИПО) и Светската организација за интелектуална сопственост (СОИС) со кои истите беа поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.

Ваквиот цврст чекор кој е неразделно поврзан со институционализираниот дијалог меѓу деловните заедници на нашите две земји претставува опиплив доказ за нашата целосна посветеност на Преспанскиот договор, како и за нашите продолжени напори во насока на продлабочување на соработката во интерес како на развојот на билатералните односи, така и на регионот во целост.

60343289 506064453262213 7367190255033647104 n

Конзуларни услуги