Северна Македонија во светот

Во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Тирана вчера, 17. 04. 2019 беше основан „Македонски бизнис клуб“. Станува збор за граѓанска асоцијација во која членуваат претставници на македонски компании присутни во Република Албанија, македонски експерти, носители на проекти и учесници во меѓународни програми ангажирани од меѓународни организации, како и граѓани кои по разни основи се ангажирани во албанските институции.

57317199 275943786673163 4958230183464140800 n

 

Основачи на Клубот се амбасадорот Данчо Марковски,  Бранко Богучевски, Менаџер за Македонија, Албанија и Косово, ВАРУС дел од МЕРЦК КГАа (Account Manager Industrial Macedonia, Albania and Kosovo, VARUS agent of MERCK KGaA); Весна Мицева – Тодоровска, Генерален Директор, Конгресен Сервисен центар; Стефан Плавјански, Територијален менаџер за Албанија и Косово, Hewlett Packard Enterprice; Гоце Цветкоски, Директор на фабриката ТИТАН АНТЕА ЦЕМЕНТ (TITAN Antea Cement sh.a); Мухамед Ибрахими, Вршител директор на Даути; Фатос Мустафи, ДОНИ ФРУИТС; Братислава Танасковиќ, РИКО; Јасмина Гелева, Меѓународен консалтинг и менаџмент Скопје – Тирана – Лондон; Јелена Лазова, Проект менаџер на Сеавус груп и Валентин Нешовски експерт.  Клубот е од отворен карактер па во наредниот период се очекува зголемување на бројот на членови.

57484694 375624766375296 3291544411736899584 n

Основните постулати во работата на Бизнис клубот се создавање непосредни меѓусебни релации и контакти, размена на информации и идеи за поуспешен организиран настап на албанскиот пазар, како и решавање на прашања од заемен интерес. Клубот е од отворен карактер.

Приоритетите на членовите на Клубот се градење заедништво помеѓу претставниците на македонската деловна заедница и интелектуална средина, во насока на подигнување на својот углед меѓу албанските структури, демонстрирајќи го притоа  македонскиот дух на претприемништво, меѓународно експертско искуство и  промоција на Република Северна Македонија.

Конзуларни услуги