North Macedonia in the World

На 3 април 2019 година, во Палатата на Претседателството, новименуваниот вонреден и ополномоштен Амбасадор на Република Северна Македонија во Босна и Херцеговина, Екрем Ебиби ги предаде акредитивните писма на Претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик.

 

 MG 0252

По свечената церемонија, на остварениот разговор со претседавачот на Претседателството на БиХ, М. Додик, двајцата соговорници изразија задоволство од одличните политички односи и долгогодишната соработка и пријателство меѓу Република Северна Македонија и БиХ.

Претседавачот Додик истакна дека очекува понатамошно унапредување на соработката, особено во областа на економијата. Изрази желби за успех, стабилност и мир во Република Северна Македонија и го поздрави потпишувањето на Преспанскиот Договор како позитивен пример во контекст на регионалната стабилизација. Во однос на евроинтеграциите, изрази уверување дека БиХ може да добие позитивна препорака од страна на Европската комисија за кандидатски статус, по предавањето на Прашалникот.

Изрази желба за успешни и мирни претседателски избори во Република Северна Македонија.

 MG 0259

Амбасадорот Ебиби, се заблагодари за досегашната континуирана соработка, високиот степен на политичките билатерални односи, динамиката на тековниот политички дијалог и заемната поддршка во мултилатералните организации и регионалните иницијативи.

Запознавајќи го соговорникот со општествено-политичката состојба во Република Северна Македонија, како и тековната работа на Амбасадата, информираше за претстојното потпишување на Договорите за соработка во областа на економијата и туризмот помеѓу Владата на Северна Македонија и Советот на министри на БиХ, од кои очекува дополнителен поттик на досегашната успешна соработка. Информираше за иницијативите за заемно отвoрање на културно-информативните центри и почесни конзуларни претставништва. Се заблагодари за третманот и поддршката што ја добива дијаспората од сите нивоа на власта во БиХ и ја нагласи подготвеноста на РС Македонија за поддршка на БиХ во евроинтегративните процеси. Воедно, изрази очекување за што побрзо формирање на Советот на министри во БиХ.