Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Андреј Жерновски, денеска се сретна со претставници од Зелената партија на Република Австрија.

За време на средбата беше поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји од аспект на интензивниот политички дијалог и засилената парламентарна соработката со реализирање на тековни проекти.

150419OA ZMNR Zhernovski Sredba so partijata na zelenite od Avstrija 5593

Заменик министерот Жерновски стави акцент на силната и конструктивна поддршка на Австрија за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската Унија и ја истакна важноста на австриската поддршка пред јунскиот Самит на ЕУ.

Воедно, информираше за внатрешно-политичките состојби во Северна Македонија, за претседателските избори, како и за амбициозната агенда на Владата во поглед на исполнувањето на реформите во судството, борбата против корупцијата, медиумите и разузнавачките служби.

150419OA ZMNR Zhernovski Sredba so partijata na zelenite od Avstrija 5567

Претставниците од Зелената партија се осврнаа на билатералните односи меѓу двете земји, кои се развиваат со силен интензитет во повеќе општествени сфери на делување. Изразија поддршка на надворешно - политичките приоритети на Република Северна Македонија, посебно во делот за добивање одлука за почеток на преговори на претстојниот Самит на ЕУ.

150419OA ZMNR Zhernovski Sredba so partijata na zelenite od Avstrija 5569

Конзуларни услуги