Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, имаше поздравно обраќање на редовното Генерално Собрание на НАЛАС, како дел од активностите на Министерството за надворешни работи во поддршка на регионалната соработка.

 

IMG 20190412 131849 969

„Фактот што НАЛАС е една од најактивните регионални организации, која на овој простор успева да собере повеќе од 9000 локални авторитети од 14 заедници на локални власти, укажува дека директна корист од политиките на оваа организација имаат 80 милиони граѓани“, рече Жерновски.

Заменик Министерот Жерновски посочи дека Република Северна Македонија, која воедно е и домаќин на Секретаријатот на НАЛАС, активно придонесува во афирмацијата на оваа организација и ги координира политиките на регионално ниво.

IMG 20190412 131212 425

Од негова страна беше реафирмирана заложбата дека Владата секогаш ќе се залага за промоција на сите регионални концепти кои имаат конкретни проекти и визии за развој на регионот во целина и негова интеграција во ЕУ и НАТО. Од овој форум се очекува да произлезат препораки за можностите и капацитетот на оваа регионална организација, особено во делот на нејзина кохерентност со ЕУ и другите актери од регионот кои се вклучени во политиките на локалната самоуправа.

IMG 20190412 131652 041

Конзуларни услуги