Соопштенија

На покана на Комисијата на Советот на министрите на Босна и Херцеговина за НАТО интегративни процеси и Центарот за безбедносни студии на Босна и Херцеговина, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, Виктор Димовски, учествуваше на меѓународна конференција во Сараево, посветена на „БиХ и регионот во светло на НАТО соработката и партнерствата", што се одржа по повод одбележувањето на 70-годишнината од основањето на НАТО.

IMG 3080

Конференцијата на која учествуваа високи претставници на НАТО и претставници на земјите од регионот, претставуваше добра можност за продлабочување и зајакнување на соработката, како и за размена на информации и искуства помеѓу локалните, националните и меѓународните учесници во областа на одбраната и безбедноста.

Државниот секретар Димовски во своето обраќање пренесувајќи ги искуствата на нашата земја во процесот на интеграцијата во НАТО и ЕУ, ја истакна потребата за зајакната соработка меѓу земјите од регионот, како императив за успешна евроатлантска интеграција. Во овој контекст, ја реафимираше заложбата на нашата земја за натамошен придонес за изградба на безбедносно сигурен и стабилен регион.

IMG 3079

Државниот секретар Димовски ја истакна и важната долгорочна позитивна улога на Алијансата во нашиот регион, како столб на регионалната безбедност и стабилност. Притоа ја подвлече и важноста за долгорочно инвестирање во градењето на добрососедските односи во функција на обезбедување на долгорочна регионална безбедност и стабилност, како и обезбедување сигурни европски и евроатлантски перспективи за земјите од регионот.

На интерес на учесниците на конференцијата државниот секретар Димовски одговараше на прашања на присутните за тековните и претстојните активност на нашата земја на планот на европските и евроатланските интегративни процеси.

Конзуларни услуги