North Macedonia in the World

На 8 април 2019 година, на свечена церемонија во Претседателската палата Шандор во Будимпешта, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија  во Унгарија, Горан Стевчевски ги предаде акредитивните писма на претседателот на Република Унгарија, Јанош Адер.

 

 MG 2241

По предавањето на акредитивните писма, амбасадорот Стевчевски оствари средба со претседателот Адер. Во разговорот беше изразено задоволство од традиционално блиските и пријателски односи и соработка меѓу двете држави, како и увереност за нивно натамошно унапредување во сите области од заемен интерес. Се разговараше и за актуелни прашања поврзани со мигрантските движења, како и за претстојните претседателски избори во Република Северна Македонија.       

Амбасадорот Стевчевски се заблагодари за досегашната континуирана поддршка на Унгарија на Република Северна Македонија за скорешно отварање на пристапните преговори за членство на земјата во Европската Унија, како и за финализирање на членството во НАТО.

 MG 2246

На крајот на разговорот, претседателот Адер на амбасадорот Стевчевски му посака успех во извршувањето на функцијата.

Во рамките на свечената церемонија, амбасадорот Стевчевски во придружба на командантот на почесната гарда на гарнизонот на Будимпешта, положи венец на споменикот на плоштадот на Хероите.