Interviews and Speeches

„Реални се очекувањата да станеме полноправна членка до декемврискиот Самит на НАТО во Лондон“

Дата: 04 април 2019 година
Новинар: Јане Бојаџиевски
Линк: https://mk.voanews.com/a/voa-macedonian-nikola-dimitrov-nato-engages-70-years-washington-inteview/4861784.html

A66EA211 F465 4B3A 8FCE A14534C79EA2 w1597 n r1 st

„Како светот станува непредвидлив, толку повеќе ќе треба НАТО“ – Димитров.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија е во Вашингтон на Самитот по повод 70-години од формирањето на НАТО.

НАТО е сојузништво што се бори за мир, но и почива на принципот „сите за еден, еден за сите“. Како светот станува непредвидлив, толку повеќе ќе ни треба НАТО, вели Димитров. За користа, но и обврските кон Алијансата, навести: „Реално е, а и` цврсто стоиме зад таа заложба да го достигнеме тој праг од 2% од ГДП за целосна партиципација во заедничкиот буџет на НАТО до 2024-та, најави првиот човек на дипломатијата на Северна Македонија за Гласот на Америка на македонски.