Интервјуа и говори

Јас, всушност, ја потпишав декларацијата од Вилнус во 2000 г. и ние сме последната земја што конечно ќе стане членка. Значи, ова одамна требаше да се случи. Тогаш ветивме дека солидарно ќе си помагаме, да ја направиме Европа цела и слободна и мислам дека конечно сме блиску до таа линија на сигурност. За нас ова во суштина е една од двете најголеми стратешки цели од нашата независност во 1991 г. Во 1993 г., Парламентот консензуално одлучи дека би сакале да станеме дел од Алијансата. 84% од нашето јавно мислење ја поддржува оваа стратешка насока, па, навистина е посебно чувството што по сите овие години... 

030419OA MNR Dimitrov Vashington 5167

Пред сè, ова е незавршена работа, а добро е кога работите ќе сезавршат и се чувствувам привилегирано што имав удел во осигурувањето дека наредната генерација ќе има посигурна, постабилна, попредвидлива држава. Ова значи дека ние ја прошируваме зоната на стабилност во регион на кој му треба уште стабилност. Посебно е чувството да се биде дел од овој процес и да се гради пријателство со соседите; нема поприродна состојба од тоа најголемата поддршка да доаѓа од соседите. И како што кажа Јенс на заедничката седница со Конгресот денес: „Добро е да се има пријатели“. Ние, всушност, преку меѓусебно разбирање, преку земање предвид на интересите на другиот и почитување на другиот, успеавме да го надминеме ова прашање на начин што денес нè става во иста ситуација. Би сакале да имаме добар сосед, а мислам дека и тие би сакале да имаат просперитетен сосед. Не беше лесно и беше потребно лидерство од страна на двајцата премиери, да мислат повеќе на следната генерација, а помалку на следните избори.

Мислиме дека под сила се подразбира колку е силна војската, колку е силна економијата, но освен тоа – и колку пријатели имате, колку се блиски тие пријатели и колку се подготвени да ви помогнат кога има потреба од тоа. Мислам дека дури и како земја што не е членка на НАТО, како партнерска земја, учествувавме во поделбата на товарот сите овие години. Во Авганистан во еден период бевме четврта држава што најмногу придонесува по број на жители, што значи дека носевме дури и поголем дел од предвидениот товар. Мислам дека таа подготвеност да бидеме дел од здружен напор е тоа што е навистина важно. И не треба да се заборави дека првата интервенција на Алијансата всушност беше во нашиот регион во 1999 г. и ние обезбедивме логистичка поддршка за таа интервенција.Со тоа што Северна Македонија ќе стане постабилна, се проширува зоната на стабилност во регион што имаше потреба од НАТО интервенција во 1999 г. Тоа ќе има смирувачко влијание во нашиот регион. Уште во Букурешт имавме повеќе од 2% од БДП наменети за одбраната, а потоа претходната власт скршна од патот и се служеше со – Јоргосго спомна национализмот – тоа што јас го нарекувам „плиток национализам“, кој е себепоразителен токму во однос на националните интереси што наводно ги брани. Поради тоа, овој процент се намали, но ние сме работиме на тоа да го вратиме над 2% и да бидеме сигурни дека начинот на кој го трошиме е корисен за Алијансата. Зборувавме и за Декларацијата од Вилнус, која исто така е незавршена приказна. Мислам дека ентузијазмот што го гледам во Сенатот е заеднички за двете партии, ентузијазам меѓу сојузници, и мислам дека 29 всушност е помалку стабилен број од 30.

Како што кажав, ова е за нашиот народ и навреден сум кога некоја држава или некој аналитичар ќе каже дека спроведуваме туѓа агенда. Ова е за да ја направиме нашата држава постабилна во друштво на земји што се грижат за индивидуални слободи, за владеењето на правото и за демократските институции. И тоа се подразбира под сила – колку се демократски и колку се функционални контролите врз власта и институциите, колку е независен судскиот систем и колку се слободни медиумите. Значи, ова го правиме за нас, имаме целосна поддршка од нашиот народ. 84% од граѓаните ја поддржуваат нашата одлука да станеме членка на НАТО и иако во 2008 г., на пример, ова не беше проблем за Москва, не е тајна дека од Москва постојано доаѓаат соопштенија и изјави против договорот и секакви критики. Јас отворено им одговарам – ова го зборувам јавно, но и зад сцената – ова е добро за стабилноста на регионот, одлуката е наша, и кога-тогаш, ова е прашање на лидерство и време, мора да разговараме. И ние – Алијансата – како наредна 30-та земја членка се надевам дека ќе го имам тоа право до декември оваа година, да зборувам и во име на Алијансата – и ова разбирање ќе треба да се заснова врз некои важни принципи на меѓународното право, но треба да се ангажираме, па дури и да не го подобриме односот, сепак треба да разговараме. Ќе споменам само една работа во врска со кампањатаза референдумот – не знам од каде дојде ова, но овој збор го научив од дигиталните експерти – имавме многу неавтентичен интернет сообраќај на социјалните мрежи. Перцепцијата во меурот на социјалните мрежи имаше голема разлика во однос на реалноста на улиците во однос на протести, итн. и тензијата и кампот за бојкот и еуфоријата против договорот на социјалните мрежи. Го забележавме ова, со некои нови играчи на политичката сцена, со некои руски знамињашто протестираа против договорот, кои се многу маргинални. Значи, знаеме каде одиме, ја знаеме насоката, се движиме во таа насока и тоа е добро. Стабилноста е добра за Балканот, добра за Европа и ќе продолжиме да ги убедуваме сите дека ова е нешто добро.

Мислам дека ја имаме свежината на земја што допрва станува членка. И знаеме дека надвор е студено и се чувствувате осамено. Чекорите сами. Па мислам дека кај луѓето и земјите што се внатре доаѓа до заситеност, бидејќи кога со години сте внатре, заборавате колку е студено надвор. Мислам дека би сакале да го прошириме овој ентузијазам и меѓу земјите што се основачи на Алијансата. Поврзано со прашањето за миграцијата – ја имавме војната во Сирија со која ние, светот, не можевме соодветно да се справиме. Тогаш живеев во Холандија и преовладуваше чувство дека ова е далеку и не нè засега. А потоа експлодираше мигрантската криза во 2015 и 2016 г. Светот, нашиот свет, станува помал и меѓусебно поврзан и бара поголемо заедничко дејствување; одговорноста е заедничка на сите овие фронтови – основните причини – и не можеме да си дозволиме да не се справиме со проблемите. Мора да се соочиме со проблемите, да инвестираме ако треба да се инвестира во поголеми трошоци за одбраната, бидејќи ни треба сила за да имаме мир, и да дејствуваме. Сега имаме големо искуство во чекање. Поминавме 18 МEPциклуси како земја во подготовки и мислам дека добивањето на членството нема да го земеме здраво за готово. А вистинската цел не е да станеме членка, вистинската цел е да станеме земја што е силна, има функционални демократски институции, која е сигурен, предвидлив партнер, за Атина, Вашингтон, Берлин, да можат да се обратат кон нас и да кажат „Потребни сте ни овде, таму, во регионот, надвор од регионот“. Па мислам дека ова е целта, а не формалното. Но ќе биде добро да добиеме и некои придобивки од членството, сепак, процесот е двонасочен.

Конзуларни услуги