North Macedonia in the World

На 28 март 2018 година, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Кралството Шведска, Мира Крајачиќ, ги предаде акредитивните писма за нејзиното именување и писмата за отповикување на нејзиниот претходник на шведскиот крал Карл XVI Густаф.

 

predavanje akreditivni pisma Krajachikj

Амбасадорот Крајачиќ придружувана од Маршалот на дипломатскиот кор од шведскиот протокол Клас Гиаров (Klas Giarow), министер-советникот Трајковски и советникот Китаниоски од Амбасадата беа примени во МНР на КШ од Шефот на Протоколот на МНР Шарлот Врангберг  (Charlotte Wrangberg),  Јохана Стромквист (Johanna Stromquist) , Директор на директоратот за југоисточна Европа и проширување на ЕУ во МНР на КШ и други претставници на шведското МНР.  Во разговорот стана збор за билатералните односи меѓу двете земји и приоритетите за соработка во текот на мандатот на амбасадорот Крајачиќ.

Со традиционална поворка од кочии делегацијата замина од МНР на аудиенција во кралската палата. каде беше пречекана од Главниот церемонијал мајстор, амбасадорот Јохан Моландер, церемонијал мајсторот Од Жеидрих, Првиот Маршал  Матс Нилсон, и  шефот на воениот персонал на кралот Јан Салестранд.

На 15 минутната аудиенцијата кај кралот Карл XVI Густаф Амбасадорот Крајачиќ ги предаде акредитивните писма за незино именување. Во разговорот беа опфатени актулени теми од политичкиот и општествениот живот на Република Северна Македонија и Шведска, приоритетите на идниот ангажман, вклучително економнската димензија и туризмот. Во разговорот Кралот Густаф се присети и на неговите две посети на Република Северна Македонија, споделувајќи ги сеуште живите  спомени од Охрид. Притоа од страна на амбасасдорот Крајачиќ беше упатена покана до Кралот Карл XVI Густаф за повторна посета на Република Северна Македонија..

По завршувањето на аудиенцијата и церемонијата во Амбасадата се одржа традиционален прием на која присуствуваше маршалот Гиеров и претставници на македонските иселеници во Стокхолм.