Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска беше домаќин на неформална дискусија, во рамки на Иницијативата „Младите генерации за Новиот Балкан 2030: Кон Алтернативни Хоризонти“, предводена од Меѓународниот институт за мир, Австрискиот институт за меѓународни односи, Др. Карл Реннер Институт, Адмовере и Фондација Фридрих Еберт, Канцеларија Приштина.

120319OA MNR Dimitrov Trkalezna masa so pretstavnici na nekolku tink tenk organizacii 3402

Поздравувајќи ја идејата да се зборува за предизвиците со кои се соочува Регионот, а особено младите, министерот Димитров нагласи дека „ Иницијативата е, всушност, многу блиска до она што се трудиме да го направиме ние –да создадеме простор и можности за соработка и натпревар заснован на вредности и критериуми, за да создадеме европски услови и иднина за младите во татковината.“ Притоа, во контекст на евро-атлантското интегрирање „успехот на една држава од Регионот е двигател-напред за сите останати држави, нејзини соседи“.

120319OA MNR Dimitrov Trkalezna masa so pretstavnici na nekolku tink tenk organizacii 3395

Дискутантите, меѓу кои и претставници на младински организации, го пренесоа мислењето дека Договорот од Преспа е прогресивен фактор кој може да послужи како модел за разрешување на други регионални спорови. Покрај тоа, неговите практични аспекти се основа за регионално поврзување и соработка во областите кои се суштински за младите генерации-образование, наука, истражување, култура, технологија, здравје и спорт.

120319OA MNR Dimitrov Trkalezna masa so pretstavnici na nekolku tink tenk organizacii 3354

Министерот Димитров изрази поддршка и отвореност за продлабочување на практичната соработка со Иницијативата, чија цел е да им овозможи на младите гласно изразените мислења и идеи да бидат соодветно пренесени во европските центри.

Конзуларни услуги