Северна Македонија во светот

Денеска, 18 февруари 2019 година, амбасадорот и Постојан претставник на Република Северна Македонија при ОБСЕ, Игор Џундев ги предаде акредитивните писма на генералниот секретар на Организацијата амбасадорот Томас Гремингер.

 

4W9A398444

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за соработката меѓу Северна Македонија и ОБСЕ и нејзиното натамошно унапредување. Се разговараше за значењето и улогата на ОБСЕ во процесот на спроведување на европската агенда во Северна Македонија, и во тој контекст придонесот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во спроведување на тековните реформски процеси и активности на Владата.

На средбата Генералниот секретар Гремингер истакна дека договорот  од Преспа претставува чин на несекојдневен успех на дипломатијата и  одговорно државничко однесување. Потенцираше дека постигнатиот договор не само што позитивно ја афирмираше Северна Македонија, туку истиот претставува и фактор за натамошно унапредување на стабилноста и безбедноста на регионот и пошироко.

4W9A3989

Соговорниците воедно ја истакнаа релевантната улога на Организацијата во регионот на ОБСЕ во справувањето со актуелните предизвици со кои се соочува меѓународната заедница денес.

Конзуларни услуги