Соопштенија

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и амбасадорката на Сојузна Република Австрија во Република Македонија Ренате Коблер, вечерва беа домаќини на комеморативна церемонија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.

 

MFA 0002

Во своето обраќање пред присутните во Македонската филхармонија, министерот Димитров истакна дека „водејќи се од трајната заложба и обврска Холокаустот да не биде заборавен и никогаш повеќе да не биде повторен, Република Македонија посветено и во континуитет реализира бројни активности на домашен и меѓународен план. Наша заложба и обврска денес, утре и во годините кои се пред нас, е да се сеќаваме на сите жртви на Холокаустот, вклучувајќи ги и 7.114 Евреи од Македонија кои во 1943 беа депортирани во логорот на смртта – Треблинка, и да извлечеме поуки за нас и, особено, за младите генерации“.

МНР Димитров се осврна на дел од ангажманот на Република Македонија, кој вклучува конкретни активности на планот на сеќавањето и образованието на Холокаустот, борбата против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, против антисемитизмот, дискриминацијата по многу основи, говорот на омраза и другите форми на кршење на човековите права.

MFA 9997

На церемонијата, покрај министерот Димитров, се обратија и министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, кој денес престојува во официјална посета на Република Македонија, претседателката на Еврејската заедница во Република Македонија, г-ѓа Берта Романо-Николиќ, амбасадорот во Министерството за надворешни работи на Австрија и специјален претставник на Австрија во Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) Томас Михаел Бајер и амбасадорот на Италија во Република Македонија, во име на тековното италијанско претседателство со ИХРА, Карло Ромео.

MFA 0007

По обраќањата, дуото Тимна Брауеr и Елиас Меири од Виена, изведе еврејски песни.

Конзуларни услуги