Соопштенија

На 18.12.2018 година во Пекинг, се одржа 12-тиот Состанок на националните координатори на Процесот 16+1, на кој учествуваше македонска делегација предводена од Државниот секретар во Министерството за надворешни работи   Виктор Димовски. Состанокот беше фокусиран на резултатите од спроведувањето на активностите договорени на 7-от Самит на шефовите на Владите на Процесот 16+1 кој се одржа во м. јули 2018 година во Софија како  и наредните чекори  во делот на: трговската и инвестиционата промоција, развојот на инфраструктурата, научно технолошката соработка, како и културната и образовната соработка.

kina 02

Државниот секретар Димовски, како национален координатор на Република Македонија на Процесот 16+1, во своето обраќање ја потенцираше досегашната успешна соработка меѓу Република Македонија и  НР Кина, во сите сфери од обостран интерес, а особено на економски план. Осврнувајки се  на активностите на Република Македонија во Поцесот 16+1 информира за отворањето на координативниот Центар за културна соработка на земјите од Процесот 16+1 во Скопје во март 2018 година. Во овој контекст истакна дека, заложбите  за реафирмирање на централната улога на културата во подобрување на меѓусебното разбирање и културниот дијалог како значаен фактор за натамошна поинтензивна  соработка. Исто така, информираше за успешно реализираниот 5-ти Симпозиум на Think Thanks, кој се одржа во месец октомври 2018 година во Република Македонија во организација на МАНУ и МНР на РМ, како и за подготовките за претстојниот состанок на министрите за култура на процесот  16+1 кој ќе се одржи во првата половина на 2019 година во Република Македонија.

kina 01

За време на престојот во Пекинг ДСЕК Димовски оствари билатерални средби со кинескиот заменик министер за надворешни работи Ванг Чао, министерот за надворешна трговија и економски односи  на Босна и Херцеговина, Мирко Шарович и албанскиот заменик министер за надворешни работи Етјен Џафај.

Конзуларни услуги