Македонија во светот

Амбасадата на РМ во Прага по шести пат учествуваше на традиционалниот Божиќен Фестивал, организиран и координиран од страна на Дипломатската асоцијација на брачни другари во Прага.  Средствата собрани од продажба од страна на Асоцијацијата се донираат во хуманитарни цели. Од 2000 година, Асоцијацијата има собрано повеќе од 2,5 милиони евра, со што се вбројуваат меѓу водечките локални донатори. Оваа година на настанот учествува повеќе од 40 земји, кој беше под покровителство на сопругата на Министерот за надворешни работи.

Slika Festival

Република Македонија на настанот се претстави со богата понуда од македонски вина, ајвар, лутеница, слатко, чаеви, бурек и разни кондиторски производи. Штандот беше поддржан со донации од македонските компании:  Алкалоид, Мамас и Винчини.

IMG 0822

Конзуларни услуги