Соопштенија

На вториот ден од работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола  Димитров, оствари средба со својот хомолог, министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас.

 

Dimitrov Mass 01
Photo / Florian Gärtner

На средбата, Министрите разменија мислења за европската и евро-атлантската интеграција на Република Македонија, како и за динамичната билатерална соработка меѓу двете земји, на политички и на економски план. И во оваа прилика, МНР Димитров повторно изрази благодарност за континуираната билатерална поддршка од СР Германија за имплементација на реформските процеси во Република Македонија, како и за значењето на Берлинскиот процес во овој контекст. Зборувајќи за домашната политичка ситуација, Министерот Димитров нагласи дека „и покрај предизвиците, можностите за позитивен исчекор и напредок се отворени за Република Македонија.”

Dimitrov Mass 04
Photo / Florian Gärtner

Dimitrov Mass 02
Photo / Florian Gärtner

МНР Мас изрази задоволство од севкупниот прогрес во Република Македонија, како и од текот на имплементацијата на Договорот од Преспа, укажувајќи на важноста од заокружување на овој процес, што е предуслов за европските и евроатлантските интеграции на земјата.

Dimitrov Mass 03
Photo / Florian Gärtner

За време на работната посета на Берлин, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, во интервјуа за Велт и Тагесшпигел, покрај прашањата за евроинтегративниот процес на Република Македонија и Договорот од Преспа, даде свој осврт и за улогата на Сојузна Република Германија во Југоисточна Европа.

Конзуларни услуги