Соопштенија

На 6 ноември 2018 година, во работна посета на Министерството за надворешни работи на Република Македонија престојуваа делегации на земјите од Вишеградската група, предводена од политичките директори во министерствата за надворешни работи на Словачката Република, Република Чешка, Република Полска и Унгарија.

 

MFA 181106OA Visegradska grupa 7017

Во рамките на посетата се одржаа политички консултации помеѓу МНР на Република Македонија и земјите на т.н. В4 група во контекст на европските перспективи на Република Македонија, како и за билатерални прашања.

Од македонска страна, беше претставена динамиката на реформски активности и внатрешно политичките процеси во контекст на очекувањата за почеток на пристапни преговори во 2019 година. На разговорите беа афирмирани и традиционално пријателските и партнерски односи кои Република Македонија ги негува со земјите од Вишеградската група, како и заложбата за натамошно динамизирање и унапредување на севкупната соработка.

MFA 181106OA Visegradska grupa 7011

Покрај политичките консултации, се одржа и работна вечера чиј домаќин беше Државниот секретар во МНР, Виктор Димовски, а на која присутните разменија мислења за политички и безбедносни прашања во регионален контекст.

Гостите од четирите пријателски земји ја потврдија конзистентната и принципиелна поддршка за реализација на стратешките цели на Република Македонија - полноправно членство во ЕУ и НАТО и го поздравија храброто политичко лидерство со кое земјата се врати на демократскиот и евроатлантски колосек и се издвои како позитивен регионален пример. Во таа насока, беа разгледани повеќе модалитети за споделување на драгоценото искуство и експертиза на земјите од В4 групата, како и за изнаоѓање форми за дополнителна соработка со Република Македонија, во процесите на преговарање и пристапување во евроатлантските структури.

Конзуларни услуги