Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Хашемитското  Кралство Јордан во Република Македонија, Исмаил Иса Исмаил Рифаие, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување како вонреден и ополномоштен Амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан во Република Македонија, со седиште во Анкара.

MFA 181105OA novoimenuvan ambasador na Jordan 6963

На средбата беше искажана подготвеност од двете страни за натамошно унапредување на меѓусебните односи,  за што постојат реални предуслови и можности. Посакувајќи му срдечно добредојде и успех во дипломатската мисија, министерот Димитров изрази уверување дека амбасадорот Рифаие, со својот личен ангажман, ќе даде значаен придонес во понатамошниот развој на односите меѓу двете пријателски земји.

МНР Димитров и амбасадорот Рифаие разменија мислења и за одредени надворешно-политички прашања од регионален и глобален интерес.

Конзуларни услуги