Соопштенија

Денеска, во Министерството за надворешни работи се одржа третиот состанок на Заедничкиот управен комитет за Партнерство за одржлив развој: Стратегија на ОН за 2016 - 2020. Овој документ го опфаќа колективниот придонес на системот на ОН за реализирање на националните развојни приоритети.

 

MFA 5943

На состанокот на Комитетот, со кој копретседаваа министерот за надворешни работи, Никола Димитров и резидентниот координатор на ОН и постојан претставник на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон, се дискутираа реализираните активности во 2017 и 2018 г. и плановите за 2019 и 2020 г. во петте приоритетни области на дејствување: вработување, добро владеење, социјална инклузија, одржлива животна средина и родова еднаквост. Во дискусијата околу тоа како најсоодветно да се искористи и насочи поддршката што Република Македонија ја добива од системот на ОН и од тимот на ОН во земјата во реализирање на нашите развојни приоритети, активно учествуваа и министерот за труд и социјална политика, Мила Царовска и државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска. Членовите на Комитетот се осврнаа и на поврзаноста на овие активности со евроинтегративниот процес и со Целите за одржлив развој.

MFA 5918

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров имаше и проштална средба со Луиза Винтон, постојан координатор на ОН и Постојан претставник на УНДП во Република Македонија. На средбата беше изразена голема благодарност за придонесот и поддршката што ПК Винтон го даде за време на нејзиниот мандат во земјата.

MFA 5893

Конзуларни услуги