Соопштенија

Денеска, министерот за надворешни работи на Република Македонија – Никола Димитров имаше средба со амбасадорот Јан Петерсен, шеф на Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ ODIHR за Референдумот.

 

OA20181010 ОБСЕ ODIHR 0814

МНР Димитров изрази благодарност за работата на Набљудувачката мисија ОБСЕ/ODIHR за референдумот во Република Македонија. Го повтори историското значење на плебисцитот кој е од огромна важност за иднината на земјата и нејзините стратешки определби за интеграција во НАТО и ЕУ. Министерот Димитров ја потенцираше важноста од набљудувањето на Референдумот од страна на ОБСЕ/ODIHR и ја реафирмираше подготвеноста на Република Македонија за продолжување на долгогодишната соработка со ODIHR, а посебно во насока за подобрување на сите аспекти на Законот за референдум и вкупно на нашиот изборен систем.

OA20181010 ОБСЕ ODIHR 0820

Амбасадорот Петерсен се заблагодари за соработката која ја оствари Набљудувачката мисија со Министерството за надворешни работи и со другите институции за реализирање на нивната мисија и ги пренесе ставовите од прелиминарните наоди и заклучоци за процесот на Референдумот.

OA20181010 ОБСЕ ODIHR 0823

Конзуларни услуги