Соопштенија

Во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и Дипломатскиот клуб, на 6 октомври 2018 год., по 22-ри пат беше одржан Дипломатски турнир во тенис, кој традиционално се одржува по повод државниот празник „11 Октомври“.

 

OA20181006 untitled 0002 178

Оваа година, турнирот беше организиран со поддршка на  Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во чест на одбележувањето на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Француската Република и Република Македонија.Оваа година, турнирот беше организиран со поддршка на  Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во чест на одбележувањето на 25 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Француската Република и Република Македонија.

OA20181006 untitled 0002 171

На турнирот учествуваа 30-на претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во Република Македонија, претставници на меѓународните организации, како и вработените во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Натпреварите се одржаа во двојки, а првото место го освоија Драган Петковски од Министерството за надворешни работи на Република Македонија и  Јоже Сирониќ претставник на Амбасадата на Република Словенија. Второто место им припадна на Оливие Пишери, претставник на Амбасадата на Француската Република и на Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската федерација во Република Македонија. Од жените најуспешна беше Сандра Исмаиловичова, претставник на Амбасадата на Словачката Република.

OA20181006 untitled 0002 143

OA20181006 untitled 0002 132

OA20181006 untitled 0002 26

Спонзори на настанот беа „Зегин„  „Еуроимпекс„ „Тиквеш АД„  и „Концепт кафе„ од Струмица.

OA20181006 Teniski turnir 0001 39

 

 

Конзуларни услуги