Соопштенија

Денес, Државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски учествуваше на третиот состанок на Европската служба за надворешни работи со политичките директори на земјите од Западен Балкан (WB6).

 

ДСЕК Димовски Брисел 02

Дискусиите на состанокот беа фокусирани на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, приоритетната агенда произлезена од самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, усогласувањето со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП)  на ЕУ, како и актуелната ситуација и развојот на настаните во потесното и поширокото соседство.

Државниот секретар Димовски искажа задоволство поради широко отворената перспектива на Македонија и на другите земји од нашиот регион на патот на интеграцијата во ЕУ, подвлекувајќи ги очекувањата на нашата земја за практично отпочнување на пристапните преговори, т.е. донесување на чиста одлука од страна на Советот во јуни 2019 година. Воедно ја реафирмира заложбата на Македонија за усогласување со Заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП) на ЕУ и подготвеноста за блиска соработка со Унијата во рамките на приоритетната агенда од самитот ЕУ-ЗБ во Софија. Исто така, информира и за актуелните внатрешно-политички состојби во државата, со акцент на актуелностите поврзани со исходот од референдумот.

ДСЕК Димовски Брисел 01

За време на престојот во Брисел, државниот секретар Димовски имаше средба со Ангелина Ајхорст, директор за Западна Европа, Западен Балкан и Турција во Европската служба за надворешни работи.

Конзуларни услуги