Соопштенија

Денеска, заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Полска во Република Македонија, г-дин Војчех Јежи Тичињски.

 

Akreditacija Amb Polska 4077

Посакувајќи му успешна дипломатска мисија на амбасадорот Тичињски, ЗМНР Жерновски изрази уверување дека партнерските односи и одличната севкупна соработка меѓу Република Македонија и Република Полска ќе бидат дополнително унапредени за време на неговиот мандат.

Беше нагласена важноста на полската континуирана поддршка за македонските евроатлантски интеграции и беше изразена взаемна увереност за натамошно зацврстување на пријателските врски меѓу двете земји, преку унапредување на соработката во сите сфери од взаемен интерес.

446633184 343330 2

Конзуларни услуги