Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес, во 9:30 часот, го оствари своето гласачко право за референдумот, во избирачкото место со бр. 2855 во Ј. У. Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје.

 

PHOTO 2018 09 30 12 42 33

По гласањето, министерот Димитров ја даде следната изјава за медиумите: „Силно светнал ден, цел месец политиката зборуваше, објаснуваше колку голем историски влог има оваа денешна раскрница. Денеска народот зборува, а народот зборува со гласање. Јас само се надевам дека денес ќе биде празник на демократијата и дека конечно нашата Македонија ќе тргне напред, во правата насока.“

PHOTO 2018 09 30 12 42 44

Конзуларни услуги