Macedonia in the World

Вчера, новоименуваниот амбасадор на РМ во Норвешка, Серџим Мухамед, во Кралската палата во Осло имаше аудиенција кај Н.В. Кралот Харалд V, на која ги предаде акредитивните писма од Претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, за неговото назначување за вонреден и ополномоштен амбасадор на Македонија во Норвешка со седиште во Осло.

 

td22f64e

На средбата  со Н.В. Кралот Харалд V  амбасадорот Серџим Мухамед,  се заблагодари за поддршката што Кралството Норвешка ја дава на Република Македонија од самиот почетокот на независноста и ги нагласи очекувањата за идна уште поуспешна соработка и продлабочување на билатералните односи на сите полиња.

Н.В. Кралот Харалд V, поздравувајќи го назначувањето на новоименуван амбасадор на Република Македонија резидентен во Осло, изрази очекувања за зголемување на соработката на двете земји во претстојниот период. Притоа подвлече дека норвешка ќе продолжи да ги поддржува евроинтеграциските процеси на Република Македонија. Покажувајќи информираност за Македонија се интересираше за договорот со Грција, претстојниот референдум,  како и зајакнатата посета на европски политичари на Република Македонија.

td22f64c

По аудиенцијата во Кралската палата, во Владината гостинска палата, беше организиран пригоден коктел на кој присуствуваа шефот на Протоколот во МНР на Кралството Норвешка, амбасадорот на Турција, во својство на Доајен на ДК корот, претставници од МНР и од Кралскиот двор, како и новоименуваните амбасадори на Шри Ланка и Финска кои, исто така, ги  предадоа акредитивните писма.