Македонија во светот

Денес, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Црна Гора, Михајло Трпкоски, на свечена церемонија која се одржа во Цетиње, ги предаде акредитивните писма на претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

 

акредитиви

За време на разговорот, беа констатирани одличните односи помеѓу Република Македонија и Црна Гора и  спремноста на двете страни за натамошно унапредување на соработката, со фокус на економските односи и трговската размена.

акредитиви 1

Претседателот Ѓукановиќ ја реафиримира спремноста на црногорската страна за несебична помош и пренос на нивните искуства од европските и евроатлантските интеграции како и  неговата  лична, безрезервна достапност во однос на сите прашања од заеднички интерес.

акредитиви 3

Конзуларни услуги