Соопштенија

Денес во Брисел, делегација на Република Македонија учествуваше во работата на 14-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ.

 

SSA EU Macedonia 05

Со состанокот претседаваше високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Комисијата, Федерика Могерини, додека комесарот Јоханес Хан ја претставуваше Европската комисија. Делегацијата на Република Македонија ја предводеше Никола Димитров, министер за надворешни работи. Учествуваше и заменик премиерот за европски прашања, Бујар Османи.

SSA EU Macedonia 01

Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ, како највисока форма на институционална соработка меѓу двете страни, заседава на годишна основа. Првиот состанок беше одржан на 14 септември 2004 година.

Состаноците традиционално се одржуваат во Брисел.

 

Министерот Никола Димитров на прес конференцијата по 14-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ

Конзуларни услуги