Соопштенија

Во рамки на вториот работен ден на самитот, на покана на Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг и Државниот секретар на САД, Помпео, министерот Димитров учествуваше на состанокот на земјите членки на Глобалната коалиција предводена од САД, за борба против тероризмот и исламската држава. На состанокот, меѓу другото, разменија мислења и за активностите за справување на заканите од тероризмот и насилниот екстремизам.

На маргините на самитот, МНР Димитров оствари неколку одвоени билатерални средби со своите колеги и тоа: со министерот на Португалија Силва, со министерот на Исланд Тордарсон, со министерот на Кралството Норвешка Сореиде, со претставникот на ОН, Розмари ДиКарло, потсекретар за политички работи на ОН, како и со  министерката за надворешни работи на Канада, Фриланд.

На средбите, министерот Димитров се заблагодари за донесената одлука на НАТО за упатување покана до Република Македонија за отпочнување на пристапни разговори со Алијансата. Заеднички беше истакната важноста на оваа одлука, со заклучок дека членството на земјата во НАТО, претставува исклучително добра вест за Балканот, и ќе даде нов и позитивен импулс во заложбите на Регионот за негово целосно европско и евро-атлантско интегрирање, како и тоа дека Европа ќе добие уште еден партнер во споделувањето на заедничките вредности и одговорности. Исто така, на средбите беше истакната заложбата за натамошна зајакната соработка во процесите што следат, а со што ќе и’ се овозможи на земјата брзо членство во НАТО.

PHOTO 2018 07 12 17 27 13

Димитров - Силва

PHOTO 2018 07 12 17 30 31

Димитров - Тордарсон

Димитров Дикарло

Димитров - ДиКарло

Димитров Сореиде

Димитров - Сореиде

Во оваа прилика, на средбата на министерот Димитров со канадската министерка за надворешни работи Фриланд,  беше потпишана и Декларацијата за стратешко партнерство меѓу двете земји, што претставува посебен белег и потврда на исклучително позитивните односи и соработка меѓу двете земји.

Димитров Фриланд

Димитров - Фриланд

Министерот Димитров, заедно со претседателот на Владата на Република Македонија, Заев и потпретседателите Шекеринска и Османи, учествуваше на состанокот посветен на Авганистан, на кој земјите членки на НАТО и земјите Оперативни партнери во мисијата на НАТО - Одлучна поддршка, заедно извршија преглед на напредокот на мисијата, натамошните предизвици и потребите и помошта за авганистанската Влада.

Конзуларни услуги