Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски,  денес го прими  амбасадорот  на  Исламската Република Иран во Република Македонија,  Хосеин Карими.

 

AZ20180705OA 9261

Амбасадорот Карими упати честитки за именувањето на ЗМНР Жерновски, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата.

На средбата стана збор за перспективите на билатералната соработка, при што заемно беше истакната подготвеноста за нејзино унапредување во областите од заеднички интерес.

На средбата беа разменети и мислења за надворешно-политичките приоритети на двете земји.

Конзуларни услуги