Интервјуа и говори

Обраќање на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, пред Собраниската комисија за европски прашања, за Договорот со Грција.

 

 

Никола Димитров: Благодарам претседателе.

Драг Артан, почитувани граѓани, почитувани членови на Комисијата, јас нема да бидам посебно краток во моево обраќање. Мислам дека овие денови се историски и претходно, меѓутоа, посебно потпишувањето на Спогодбата, усвојувањето на Предлог закон од страна на Владата и сега оваа расправа на Комисијата и најверојатно утре во пленум, во Собранието на Република Македонија.

Мислам дека е очигледно зошто имаме скратена постапка и зошто Владата одлучи да ви предложи овој Предлог закон за ратификација на Спогодбата меѓу Македонија и Грција да се разгледува во скратена постапка. Деновите се неколку, во вторник веќе имаме многу важна дискусија на ниво на министри за надворешни работи на Советот за општи работи на Европската Унија , Луксембург и ако сакаме да направиме се што можеме да го фатиме европскиот воз, согласно одредбите н Спогодбата, важно е да направиме се што можеме на време да ја информираме Грција дека сме го направиле, доколку одлучите да го усвоите Предлог законот за ратификација, за таа да го извести советот на Европската Унија дека ги повлекува своите забелешки.

Исто така, мислам дека не треба многу да се објаснува зошто овој Предлог закон има ЕУ знаменце. Ние сме земја кандидат од 2005 година. Добивме деветта препорака за отворање на пристапните преговори од страна на Европската Комисија. Станавме експерти во чекање, заклучени во чекалната соба со вратата на оваа разлика со нашите соседи од Атина.

Зошто, меѓу другото, и Федерика Могерини, и Јоханес Хан присуствуваа на церемонијата на потпишувањето во Преспа или во регионот на Преспа. Затоа што очигледно дека со оваа Спогодба се обидуваме да ја отклучиме таа врата и да излеземе од чекалната собра.

Ќе си дозволат една лична нотка, јас сум вклучен во ова прашање лично многу долго време, од 2003 година кога бев назначен за специјален пратеник во разговорите за надминување на разликата околу името со Грција, врз основа на овие резолуции самата година на двете Резолуции 817, 845 кажува колку време ние имаме работа со овој проблем, од 1993 година, а и пред резолуциите, исто така имавме работа со овој проблем и ги усвоивме првите уставни амандмани на Уставот на Република Македонија во контекст на нашето зачленување во Обединетите Нации.

Додека бев амбасадор во Соединетите Американски Држави, во Вашингтон, бев еден од клучните што работеше на признавањето на уставното име од страна на Соединетите Американски Држави. Додека бев во Хаг, мојата дома, надвор од дома, знае амбасадорот Лонг, бев коагент на Република Македонија во спорот што го имавме во Меѓународниот суд на правдата. Ова е мојот трет, и најголем предизвик да бидам дел од една нова генерација, нов начин на водење политика од една Влада што реши директно во очи да му погледне на проблемот и да направи се што може за да го реши. Проблемот што, како камен ни ја влече назад просперитетот, државноста и прогресот. Проблем што на некој начин не прави како држава со незавршена државност со привремена референца што толку многу години ја гледавме, посебно тие што бевме вклучени во меѓународните односи, на сите состаноци во Обединетите Нации, на сите состаноци во ОБСЕ, на сите состаноци на Советот на Европа, на сите состаноци во Европската Унија.

Европската Унија, нашата цел покрај НАТО Алијансата, каде што имаме проблем да се спомене македонскиот јазик и со која што немаме потпишано ниту еден договор, каде што се споменува македонскиот јазик или пак е потпишан на македонски јазик, иако во личната карта на Република Македонија во Обединетите Нации си стои, јазик: македонски.

Зошто велам историски денови? Мислам дека влегува во последната фаза од една ера на создавање на независноста, градење на нашата државност, добивање на меѓународен легитимитет и една фаза која што беше исполнета со предизвици и прашалници во однос на тоа, пред се во однос на македонскиот народ, и мислам и јас сум многу благодарен на припадниците на деловите на другите народи, на другите заедници во Република Македонија за заедништвото што го покажавме во овој процес за прашање што е толку клучно и суштинско за македонскиот народ.

Дали ни е јазикот македонски, дали сме ние Македонци? Мислам дека се наоѓаме, исто така, на раскрсница каде бираме меѓу минатото и иднината. Вчера или завчера на едно интервју за странски медиум кажав дека исто така имаме раскрсница меѓу силите на патриотизмот и силите на национализмот. Мислам дека згрешив. Мислам дека е важно во насока на помирување дома и на единство дома, да се признае дека и тие што имаат различно гледање на овој историски момент и на оваа историска раскрсница, исто така се патриотите, што гледаат различно на работите. Можеби не сосема свесно за влогот и за иднината, можеби има и недоволна информираност, меѓутоа, мислам дека е важно во оваа дебата, во ова толку важно прашање да прифатиме дека сите си ја сакаме нашата Македонија и сите сакаме да успееме, сите сакаме да си го зачуваме идентитетот, сите сакаме да ги отвориме вратите за нашата иднина заради идните генерации, без разлика што можеби различно гледаме.

Регионалниот, глобалниот контекст е исто така многу значаен. Живееме во денови кога светот е несигурен, кога од системите на правилата на игра како државите си соработуваат и комунизираат една со друга се подразнишани, живееме во регион каде што уште има крупни нерешени прашања и бидејќи бевме толку долго време во чекалната, пропуштајќи еден воз после друг воз, можеби не сме сигурни, меѓутоа, ние сме должни да размислуваме што и кога би можела да дојде следната шанса доколку не ја фатиме оваа шанса сега.

Факт е дека неколку години Балканот не беше со посебно внимание од страна на Европската Унија. Факт е дека ова година, преку Стратегијата, преку бугарското претседателство има внимание и факт е дека и покај сите крупни проблеми со кои се соочува Европската Унија внатрешно, се разгледува и европската иднина, и факт е дека во Софија имавме Самит 15 години после првиот Самит каде што се даде европското ветување на Балканот.

Ние во нашето водење на политиката и носењето на политички одлуки, многу сме свесни во нашата независна традиција во овие последни 27 години за одговорноста од носењето на одлуки или правењето. Меѓутоа, не сме доволно свесни за одговорноста од не носење одлуки и од не правење. Лесно е да се суди со ваква историска перспектива, јас како што спомнав бев учесник од 2003 година во ова прашање, не исклучувам дека имало периоди кога можеби сме можеле да добиеме во минатото, и дури и чувме некои такви тврдења, и подобри решение од овие решенија што сега ги добивме. Одговорноста е огромна, зошто не сме загризале. Бидејќи се работи за изгубена генерација и бидејќи должност на тие што ја водат земјата и што мислат каде одиме утре, догодина, за пет години, за 10 години, должност е најдобро и најискрено самите со својата совест и во комуникација со целата експертска јавност да видиме што е тоа што може времето да го подобри за ние, евентуално да донесеме одлука да чекаме две години или пет години за следната шанса.

Мислам дека нема многу, нашата проценка е дека нема елементи што би ни дале за право да се тргнеме, тоа што е најлесно за било кој министер за надворешни, за било кој претседател на Владата на Република Македонија, за било кој што чувствува одговорност за својата татковина да се тргне и да каже, ова прашање, јас ги држам своите позиции, ова прашање е премногу жешко, нема да го допрам, нема да се обидам да го решам. Значи, одговорноста од пропуштање на шансата е голема, особено имајќи го предвид и глобалниот и европскиот и регионалниот контекст. Факт е дека членството ан Република Македонија во НАТО ќе ја поддржи, ќе ја закрепне, ќе ја обезбеди државноста и безбедноста на Република Македонија. Факт е дека почетокот на преговори за членство со Европската Унија ќе создаде една шина, едни рамки каде старата политика ќе мора да биде, и мислам дека ние тој пат го почнавме и самите и без преговори, ќе биде заменета со една нова политика на одговорност, на транспарентност, на владеење на првото, на еднаквост на сите пред законите, особено на тие што се носители на високи функции, на политичарите. Факт е дека тој пат е патот што не води кон просперитет и тој пат е тој што на идната генерација ќе им даде рамо до рамо со другите Европејци да се натпреваруваат во нешта што се важни за денес, какво образование имаме, какво здравство имаме, има ли работа, какви ни се платите, каков ние е економскиот производ и така натаму.

Исто така е важно, уште сум на контекстот да се спомене дека ние во името на, се обидувам да бидам деликатен тука, барајќи ја правата придавка, на една митологија, за една митологија си ја жртвуваме реалноста. Ова што денес го правиме е, ја жртвуваме митологијата за да ја добиеме реалноста. Нас, и искрено како граѓанин пред се, можеби немам право тоа да го кажам како министер за надворешни работи, мене ве вреѓа и мислам дека имплицира комплекс на помала вредност, ако не сме цврсти и сигурни во себе, во својот идентитет без да лутаме две илјади години наназад. И мислам дека таа митологија, за расчистувањето со таа митологија или етномитологија е значајно, без разлика на спорот со Грција и без разлика на оваа Спогодба што ја потпишавме. И да го немаше тоа, за нашето колективно ментално здравје како македонски народ е важно да бидеме свои на своето и горди со тоа што сме.

И сето ова што не направи предмет на подбив и на насловни страници во “Њујорк Тајмс“, Скопје да се нарекува главниот град на кичот, тоа не е работа со која што треба д бидеме горди. Ние треба да си ја чуваме нашата култура и нашиот идентитет на автентичен начин, не со туѓи перја. Да не зборувам дека нациите се категорија на 19-от век, можеби почетокот на 20-от век.

За мене оваа Спогодба и морам да бидам искрен и морам да бидам јасен, оваа Спогодба, се разбира дека не е совршеност, се разбира дека не е идеална, бидејќи е израз на компромис.

Тоа што двете опозиции, и во Македонија и во Грција ја нарекуваат срам и капитулација, укажува дека ова е компромис.

Со овој компромис и ние и нашите грчки пријатели настојувавме низ сите овие месеци да го зачувам тоа што ние е најбитно. Ние од наша страна се обидувавме и успеавме да го зачуваме идентитетот и сите атрибути на македонскиот народ а Грција се обидуваше да добие дистинкција и успеа меѓу Македонија државата и Македонија регионот во Грција. Тоа е суштината на оваа спогодба. Ќе одам и член по член главните членови ќе објаснам за што разговаравме како ние ги разбираме членовите итн.

Да беше оваа спогодба пишувана само од македонската страна, се разбира дека за нас од наша перспектива ќе беше подобра меѓутоа немаше да биде прифатена од грчката страна. Да беше пишувана само од грчката страна ќе беше далеку подобра за нив, немаше да биде прифатена од нашата страна. Тоа е компромис. За мене овој текст е одговорност, е патриотизам, е храброст, го кажав мислам дека е тоа многу важна поента, ги жртвуваме митовите за да добиеме реалност. Направивме се што можеме во одбрана на нашите национални интереси во рамките на тоа да не ја загрозиме шансата воопшто да нема спогодба. Мислам дека истото тоа го направија и нашите грчки пријатели. Многу е важно да се прашаме што е алтернативата и каде не носи и какви се неизвесностите и какви се ризиците доколку не одиме по овој пат. Тие што се против би било многу убаво можеби двете опозиции да седнат и да излезат со своја спогодба. Јас мислам дека со раширени раце ќе ја прочитаме и ако се овие основни елементи, идентитетски присутни и на нашето достоинство ќе ја прифатиме.

Две три реченици околу, јас ќе се обидам бидејќи немаме претставници на опозицијата да дебатирам со виртуелна опозиција. Од она што го слушав сите овие денови, стравовите, прашалниците, дилемите итн. Малку ме чуди, дел чув сабајлево на пленарната седница на Собранието, дилемите околу уставноста, надлежноста на Владата да склучува меѓународни договори во име на Република Македонија и ќе спомнам тука неколку. Таму ми е текстот на законот, член 3 од Законот за склучување на меѓународни договори и ратификација итн., вели дека претседателот на Република Македонија склучува меѓународни договори во име на Република Македонија меѓутоа и Владата на Република Македонија склучува меѓународни договори во име на Република Македонија. И понатаму оди, во кои случаи, благодарам, во кои случаи и во кои области Владата има надлежност да склучува меѓународни договори во името на Република Македонија многу од нив се покриени со овој договор. Безбедноста, дипломатско конзуларните односи, ние со овој договор ги подигнуваме меѓу другото односите на ниво на амбасади од канцеларии за врски што е ниво едно базично и елементарно на односи меѓу две држави, економска соработка, соработка во областа на образованието, соработка во областа на здравството итн.

Мене ме чуди едно раководство што толку длабоко не пикна во дупка, што толку многу ни ги изгуби пријателите, што толку многу ни ја направи потешка работата заради едно етномитологијата, сега што не само што не помага кога се најдоа луѓе што се спремни да го носат овој товар без да мислат на своето политичко утро туку и одмагаат и напаѓаат и ова го нарекуваат дивоградба и капитулација и неуставно итн. А што правеа толку години? Кој им бранеше да најдат начин, знаете што, јас кога бев на 14 јули 2017 година во Атина тоа беше моја одлука, се консултирав со премиерот кои што се согласи одлуката, првата посета да биде на Република Грција беше наша одлука. Овој процес се отвори заради тоа што ние тоа го решивме. Нити имавме притисок од нашите пријатели од западот нити имавме, ние чувствувавме одговорност да се соочиме со таа најголема планина. И премиерот се сложи и мојата прва посета ако се сеќавате заедничката беше прво на Брисел, мојата индивидуална како министер беше во Атина на 14 јули. Кој им бранеше да ги отворат овие процеси и ако имало некаква, оти да знаете дека патот и кон НАТО а посебно кон Европската Унија беше многу поотворен и по асфалтиран и поширок тогаш. Сегашниот е Македонија ногу тесен и многу стрмен заради кризата со која што се соочува Европската Унија во последнава години почнувајќи со кризата што почна со кракот на финансиските пазари во Соединетите Американски Држави. На што мислеа и тоа е просто безобразно, ќе се воздржувам бидејќи не мислам дека е многу корисно да се зголемува јазот и да се критикува меѓутоа една елементарна, морална доблест мора да има, не напикаа во дупка, се искачивме, земавме малку воздух, излеговме од ровот, му погледнавме на проблемот во очи, чесно е ако не помагаат барем да не одмагаат.

За Уставот се вели спогодбата не е, бидејќи меѓу другото зборува и за Уставни измени. Се знае каква е процедурата за Уставни амандмани. Договорот споменува и референдум. Зарем има по чесна и по патриотска должност за оваа Влада и за сите вие, баш овој состав на Собранието на Република Македонија во овој момент да со чиста совест и со длабок поглед бидејќи ова не е лесна работа, решавање на историски проблеми не се лесна работа, да создадеме шанса нашите граѓани да одлучат за својата иднина и за иднината на своите деца. Кога се повикуваме на народот, не може 100 луѓе или 1000 или 5000 или 10000 да велат ние сме народот. Народот се знае како се изразува, одлучува во услови на демократија, најмногу, најсветото на непосредно изјаснување, референдумско изјаснување. Значи нема по света должност моја, на Владата и ваша да создадеме шанса граѓаните да одлучат и да им објасниме зошто сме го превземале овој товар. Гледајќи директно во очи на проблемот и на сета тешкотија што ја носи оваа планина.

Сега ќе одам така што не е спогодбата таа што го менува Уставот, волјата на народот иако имаме, иако ја имаме нивната поддршка ќе работиме на двотретинско мнозинство во Собранието на Република Македонија почитувајќи си ги процедурите во нашиот Устав како почува, како трае целиот процес и во нашиот Деловник, во Деловникот на Собранието на Република Македонија. Ќе одам сега по спогодбата, ќе ја скокнам преамбулата и ќе одам во членот 1 кои што е многу суштински. И тука сакам, има толку ужас и таква конфузија по социјалните мрежи ќе ми дозволите да обрнам внимание на повеќе елементи од овој член 1. Значи официјалното име ќе биде Република Северна Македонија или скратеното име Северна Македонија. Дали ова значи и јас апелирам и до вас новинарите што сте овде во галеријава и ме слушате и зад камерите од оваа страна. Дали ова значи менување или значи додавање на одредница пред главната суштина на името Македонија. и Република е одредница која што кажува дека во нашето уредување шефот на држава си го бираме на избори а немаме кралско семејство. И Социјалистичка беше одредница и народна беше одредница и Северна е географска одредница. Северна е придавка. Името  во термините северна Македонија, именката е Македонија. Значи, ова е дестинкцијата и тоа е факт и нема што толку многу да бегаме  од тоа. Факт е дека во историскиот регион Македонија е под отоманската империја. Ние имаме еден дел, еден дел е во Грција, еден дел во Бугарија, и има еден мал дел во Албанија. Државјанството ќе биде  македонско или коса црта граѓанин на Република Северна Македонија, како што ќе биде заведено во сите патни документи, ова е втората алинеја Б од членот 1. Значи, македонско или  меѓу другото, бидејќи не сме сите Македонци, ние имаме мултиетничко општество  и двете ќе бидат наведени во патните исправи. На англиски ова е, нешенелити. Имаше некое чудна дебата околу преводот, во нашиот јазик ин норт, ин нординг, се преведуваат како Северна Македонија и тука да немате никакви дилеми. Официјалниот јазик ќе биде македонски јазик. Точно, тој во системот на Обединети нации е македонски јазик од 1977 година, исто така точно имавме проблем како држава да потпишуваме на македонски јазик, меѓународни договори, да се споменува, во сопчињта каде што им благодарам за преводот, каде што седат преведувачи каде што вели за македонски притиснете еден, тешко беше да има македонски јазик, сега ќе има  македонски јазик и кога ќе влеземе во Европската унија ќе има македонски јазик. Како тоа нас и ова во Грција е прифаќање на нашето право да се чувствуваме така како што се чувствуваме, ние сме Македонци, јас сум Македонец и секогаш ќе бидам Македонец, што ќе зборува македонски јазик, малку зборувам и англиски, би сакал и повеќе јазици да  научам и да зборувам, меѓутоа секогаш ќе си го зборувам мајчиниот македонски јазик. Ова е точка на прашалниците и несигурноста, конечно ќе можеме да потпишуваме  меѓународни договори. Знаете  ли како ги потпишуваме, огромно мнозинство, дури  некогаш и со земји билатерално ни се обраќаат со Уставното име. Секогаш со размена на писма, особено во контекст на Обединетите нации, во контекст на Европската унија, Советот на Европа и овде. Значи, кога имаме мултилатерален договор и кога 50 држави го потпишуваат тој договор, Република Македонија пристапува кон тој договор, не потпишува бидејќи таму пишува поранешна Југословенска, тоа се исто придавки, Република Македонија, туку со писмо вели ние пристапуваме ги  прифаќаме правата и обврските во овој  договор, за да не потпишеме под поранешна југословенска Република Македонија. Ние се бевме како така малку не до  крај, како поткршени. И оваа спогодба става точка на таа фаза и затоа тврдам дека ова е крајот на една ера, на прашалници и предизвици по нашиот идентитет и идентитетските прашања, па и нашата државност. Термините Македонија и Македонски го има значењето дадено во член 7 од  оваа спогодба. Што е идејата на членот 7? Идејата на членот 7 бидејќи во Грција и во Република Македонија поимите Македонија и Македонски, значат различни нешта и мислам дека овде има едно взаемно растење и  од наша страна да разбереме што значи тоа за нив и од нивна страна да разберат што значи тоа за нас. Големата грешка на антикцизацијата и зошто толку  голем отпор создаде таа антиквизација во Грција беше што ние, тие две значења почнавме да ги мешаме. Значи,  во Грција поимот  Македонец  и нивната Македонија е главно врзана за Еленското античко културно наследство за тоа време и тоа е нивна работа, како тие  си ги толкуваат тие нивни релации, таа врска итн. И некаква регионална припадност на регионот Македонија во Грција. Онака како што јас разбирам, можеби е ова премногу поедноставувам или симплифицирам меѓутоа тоа е тоа. И што вели, вели дека овде исто има една голема  заблуда, дека ние нешто сме се откажале, дека јас сум син на дете бегалец. Татко ми е дојден во Република Македонија на 11 години во 1948 година. И ќе завршам со една поента од да речеме тој дел од нашата историја. Ние овде велиме дека во однос на овие  термини Македонија и Македонски, ја означуваат нашата територија, нашиот јазик, нашиот народ. Што значи ова Македонски народ,  Македонец, Македонка, Македонци итн., и нивните одлики со сопствена историја, култура и нацрт. Тоа е  идејата на членот 7, дека за да го решиме овој проблем, треба да најдеме начин да прифатиме дека различно се  разбира кај нас,  различно се разбира кај нив и тие  две разбирања не се  контрадикторни и се судираат туку  се комплементарни.

Ќе се вратам на членот 1, се префрливме на членот 7, ако се сеќавате, бидејќи имаше термините македо и Македонски го имаа значењето дадено во членот 7. Кодот, освен за регистарските таблички  кои што ќе биде НМ  или НМК од норт маседонија или меѓународниот код МК додадено  Н за норт, за  сите други намени кодот на земјата останува да биде МК  и МКД како што е официјално определено од меѓународната организација  за стандардизација. Алинејата под Ѓ, придавката во  однос на државата, нејзините службени органи и други јавни институции,  ќе бидат во согласност со  официјалното име или со скратеното име, односно на Република Северна Македонија или на Северна Македонија. Други потреби на придавката вклучително и потребата на придавка, односно приватни анитети и  други чинители, кои  не се поврзани со државата и јавните идентитети кои не се основани со посебен закон и  не добиваат финансиска поддршка државата за активности надвор од државата.  Може да бидат во согласно со членот 7, таму каде што вели дека различно ја одбираме што е што, Македонски и Македонија. Употребата за придавката на активности, може да  биде во без ограничување се разбира. Ова што значи , ова значи дека амбасадата на, во иднина доколку целиот процес заврши успешно, доколку Грција го ратификува овој договор. Пристапите протокали со кои што Македонија  влегува во НАТО алијансата, тогаш овој договор ќе влезе во сила и тогаш  со време и таму  ќе стигнам во однос на имплементацијата, амбасадата на  Република Северна Македонија во Берлин Сојузна Германија, ќе може да организира денови на Македонската  култура или денови на Македонската поезија итн. Има овде еден обид на линија  на држава и државни органи да биде  да се употребува официјалното име, на линија на идентитетска линија да се употребува слободно и Македонија и Македонски итн. Комерцијалната употреба се создава еден процес, каде што вели дека во добра  волја ќе се надминат  сите  евентуални проблеми и вели дека ниту една одредба од овој член што ја регулира комерцијалната употреба, нема да влијае на статус квото, на ситуацијата сега се додека не се постигне взаемна согласност како што е предвидено во овој процес.  Понатаму оди што ќе се случува постапките,  една од постапките е и ратификацијата на овој Предлог закон во Собранието на Република Македонија. Штом ова го направиме ние  ќе ја информираме Атина дека тоа сме го направиле и Атина ќе ги информира Европската унија и НАТО дека нема да  приговара. За следните чекори, следните чекори се политичка одлука за почеток на преговори за нас и покана за членство во  Алијансата. Ќе спомнам една работа за, бидејќи сум долго во овој процес, за опфатот и  односот меѓу името и  опфатот. 

На некој начин укажувајќи на или реплицирајќи на позицијата нема да дозволиме промена на Уставот заради промена на уставното име. Секогаш опфатот и името биле многу блиски. Ако има име што лесно се прифаќа, на пример името држава Македонија од секогаш сите политички гарнитури од било каква идеолошка страна прифаќале најширок можен опфат. Значи не може да се има позиција само за опфатот. Исто така лично ве убедувам бидејќи секоја недела имавме ваков состанок или таков состанок дека ова беше прашање без кое што немаше да имаме спогодба и тоа не е пријатно, меѓутоа изборот меѓу имање спогодба или нема спогодба во однос на ова прашање севкупно употреба беше таква. Беше таква и сега откако гледам какви се реакциите во грчката политичка дебата  и јавност мислам дека не ни за чудење и мислам дека човек што не бил во разговорите може да ја донесе таа оценка. Впрочем ако сакам да апсурдно да го ја доведам таа позиција дали некое име што некаква балканска Република, ако ја прифатиме за меѓународна употреба, а Грција да се усогласи Република Македонија уставното име да се остане дома, дали тоа ќе беше поприфатлива опција. Затоа името и опфатот се нераскинлив дел и се врзани, не може така да има став за едното без да има став за другото.

Член 2 повеќе се однесува на обврските на Грција во однос на неприговарање за други членства, за други интеграции, го кажува тоа што го спомнав веќе еднаш за писмата од Европската унија или НАТО алијансата.

Во член 3 во однос на трајноста на постоечката меѓу државна граница, почит на суверенитетот, територијалниот интегритет, политичката независност на двете страни, взаемна почит, ќе се воздржуваме од закани, употреба на сила итн.

Член 4 околу иредентизмот, секоја од страните се обврзува да не дава или одобрува какви било иредентистички изјави и нема да одобрува какви било изјави дадени од оние кои тврдат дека дејствуваат во името или во интерес на една од страните.  Непријателски активности нема да има.

Членот 7 го покривме.

Членот 8 е наследство и на некој начин и до некаде во извесна мера произлегува од Времената спогодба која што исто така да потсетам беше потпишана од министер за надворешни работи, а беше многу порестриктивен документ од овој во однос на областите што ги покрива и што ги регулира. До колку било која од двете страни верува  еден или повеќе симболи кои преставуваат дел од нејзиното историско или културно наследство ги употребува другата страна таа за таквата наводно потреба ќе и укаже на другата страна, а таа страна ќе превеземе соодветни корективни дејства со цел делотворно да се справи со прашањето и да обезбеди почитување на таквото наследство. Тоа е суштината на членот 8.

Ние обврски  за знамето од Кутлеш или Вергина кои што не посебно се почитуваат особено од граѓани и приватни чинители. Таа обврска не е нова. Таа е обврска од  Времената спогодба од 1995 година. Мислам дека јас барем како што растев и не гледам тоа не би го кажал или да се срамам од тоа, во моето детство јас бев полнолетен кога Македонија или заедно Македонија стана независна јас станав полнолетен, не дека растевме со тој симбол и треба да, зборувам за старото знаме и треба да се запрашаме како тоа се случи, како дојде до тоа итн. Да погледнеме реално и директно без страв и без комплекси во тоа прашање.

Јас нема да се навратам за антиквизацијата, членот 8 многу оваа проблематика да развива, меѓутоа како што реков да ја немаше Спогодбата тоа е здраво за  нас самите. Ние толку лош начин избравме да го браниме името и идентитетот што си го искомплициравме идентитетот домашно, изгубивме пријатели надвор и практично лошо бранејќи го името и идентитетот почнавме да си ја загрозуваме и државноста. Е тоа направивме со тој процес и тој процес без разлика на оваа спогодба, со тој процес треба да расчистиме за нашето ментално здравје и личната самодоверба на секој од нас и сите заедно како нација.

Ќе имаме и Комисија која што реципрочно, на паритетна основа ќе ги разгледува историските наративи на двете страни и мислам дека тоа ќе биде еден тежок процес и за нас и за Грција. Меѓутоа тоа е процес без кој што ниедно вистинско помирување не може да помине. Тоа е процес низ кој што  поминале големите, двата големи столба на денешна Европа Франција и Германија, Чешка и Германија да речеме, мислам дека 1997 година потпишуваа Декларација и само во услови на една иницијална доверба и елементарна политичка блискост ние можеме да разгледуваме вакви прашања и убеден дека не можеме да направиме добро ако не почнеме со добро и не можеме да очекуваме ни добро кон нас.

Вториот дел на Спогодбата е идната позитивна агенда, интензивирање и збогатување на билатералните односи, подигнување на односите на ниво на амбасади.

Членот 10 соработка во контекст на меѓународни и регионални организации и форуми, политичка и општествена соработка, економска соработка, образование, наука, култура, истражување, технологија, здравство и спорт, полициска и соработка во областа на цивилната заштита, одбранбената соработка, договорните односи.

Делот три има решавање на спорови, степенасто, постепено со Меѓународниот суд на правдата и завршни одредби член 20 каде што до колку овој договор не влезе во сила, а да се потсетиме овој договор влегува во сила со наша ратификација и со нивна ратификација заедно, така вели овој договор, на овој договор и на пристапните протоколи за пристапување на Република Македонија во НАТО алијансата и нашите чекори кон меѓународната употреба на името со одредницата или на прецизираното име Македонија, географски прецизираното име на Македонија Северна Македонија, почнува заедно со тој чекор и тоа е заштитниот механизам. Нема да се случи Македонија да направи чекор, а да извиси бидејќи тие две работи се врзани. Домашната употреба е врзана со техничка имплементација, меѓутоа и со политичка имплементација врзана за нашиот напредок поглавје по поглавје кон членството во Европската унија. До колку оваа спогодба не влезе во сила целата спогодба и секоја нејзина одредба поединечно нема да имаат никакво дејство или примена ниту привремена, ниту каква било друга и истата нема на било кој начин да ја обврзува било која од страните. И се разбира зошто се случува ние да ратификуваме денес, а Грција да ратификува на крај на нашиот процес затоа што ние сме тие што баравме за нас се работи, ние правиме повеќе, меѓутоа и добиваме повеќе, тие прават помалку, меѓутоа и добиваат помалку. Ние баравме да имаме можност за референдумско изјаснување на граѓаните и нема логика, ако Грција иднава недела или оваа недела исто така ја ратификува спогодбата што ќе се случи до колку референдумското изјаснување е негативно. Што ќе се случи со оваа спогодба. Практично ние имаме двојно ратификување и Собранието и граѓаните, а тие договорот до ратификуваат заедно со пристапните протоколи за НАТО. Јас ќе застанам, ќе има прилики, се надевам дека има прилики и за експертски дебати, член по член, запирка по запирка, меѓутоа мислам дека главните и суштинските работи ги покрив од потпишаната спогодба.

Многу на кратко една минута за меѓународната заедница, за светот, како светот го прими овој договор. Од Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Бутереш, поздрав до двете страни за одлучноста да го доведат овој долготраен спор до разрешница демонстрирајќи лидерство во рамките на регионот но и многу пошироко, честитки итн. Решението на овој долготраен спор ќе има позитивни реперкусии во Европа и пошироко и се надева дека страните на други пролонгирани конфликти може да бидат инспирирани од овој развој и да преговараат разречници без натамошно одложување.

Федерика Могерини и Јоханес Хан 12 јуни од се срце честитаме лидерство, одлучност, придонесува кон трансформација на целокупниот регион на Југоисточна Европа. заедно да ја искористиме можноста што сега ширум се отвори. Ветрови на мир и соработка во целиот регион. Ова не само што е заслужено признание, но суштествено ќе придонесе кон целосна имплементација и се залагаат за почеток на преговорите. Европската комисија Скопје и Атина не прават нас Европејците горди на способноста преку дипломатија и дијалог да се најде решение за прашањето со името кое се развлекуваше со децении. Ова е инспирација за сите нас. Ќе спомнам имаат и посебни изјави ќе ги рипнам. Розмари Ди Карло од Обединетите нации, претходно американската администрација решение што дава надеж, вистина потсетува дека можно е да се најде решение и за најтешките прашања преку дијалог и компромис. Захариева во името на Бугарското претседателство времето ќе покаже дека трудот вредеше, денес е добар ден и за нас и за Бугарија, никој не може да биде просперитетен и среќен ако нивните соседи исто така не се просперитетни и среќни. Германскиот министер за Европа историски ден за сите нас, горд сум у благодарен. Италијанскиот премиер, светол ден за Балканот и за Европа итн.

Уште две работи и ќе привршам, можеби ви ги истенчив вниманието, ќе завршам со еден цитат што ќе замолам со трпение да го проследите од една мудрост испратена до Балканот  пред 104 години од 1914 година. Претходно сакам да ви кажам дека јас немаше да бидам во оваа сала и немаше да си дозволам да ја потпишам спогодбата до колку не ми беше мирна совеста. Знам дека направивме се што можевме, знам дека ова вреди. Знам дека е поголемо од мене сигурно, меѓутоа поголема од целата наша генерација политичари од политиката денес мислам дека најмалку што им должиме на нашите граѓани и на  нивните деца имајќи предвид каде сме, што се случува е да создадеме шанса, оваа шанса мислам дека со оваа спогодба ја создаваме и чекор по чекор ќе дојдеме до тоа да си го прашаме граѓаните на каде сакаат ќе ги исправиме пред таа историска раскрсница. Исто така сум многу среќен што даваме ставаме точка, ќе има уште изјави, ќе има написи, меѓутоа ова прави една платформа која што во кратко време ќе ги затвори сите предизвици за тоа дали сме Македонци и дали зборуваме македонски јазик, не само во Македонија туку секаде во светот и  ќе завршам со ова мислам дека  е мудрост дека за жал е сеуште актуелна и затоа се решив и ова го должам на татко ми него му текна синоќа во еден разговор ми кажа види во воведот од Извештајот на за Балканските војни, авторот е еден француски интелектуалец. Вистинските виновници во оваа долга листа на егзекуции, давења, палежи, масакри и ѕверства наведени во нашиот извештај не се повторуваме, не се балканските народи. Тука сожалувањето мора да ја совлада индигнацијата, не дозволувајте да ги осудиме жртвите, ниту пак европските влади се вистинските виновници. Тие барем се обидоа да ги поправат нештата и секако посакаа мир, но знаеја како да го воспостават. Вистинските виновници се оние кои го заведуваат јавното мислење и го злоупотребуваат незнаењето на луѓето за да  шира вознемирувачки гласини и да звонат за тревога поттикнувајќи ја својата земја, а како последица на тоа и другите земји кон непријателство. И ќе го повторам тоа што мислам дека за жал и денес е применливо, тие кои го заведуваат јавното мислење и го злоупотребуваат незнаењето на луѓето за да шират вознемирувачки гласини и да звонат за тревога. Вистинските виновници  се оние кои од интерес или склоност изјавувајќи постојано дека војната е неизбежна, ја прават неизбежна тврдејќи дека не можат да ја спречат. Вистинските виновници се оние кои го жртвуваат општиот интерес за својот личен што толку малку го разбираат и кои одржуваат во својата земја стерилна политика на конфликт репресалии и овде ќе повторам три, четири збора,  оние кои го жртвуваат општиот интерес за својот личен и кои одржуваат во својата земја стерилна политика на конфликт всушност нема спас, нема излез, ниту за малите, ни за големите држави освен со обединување и помирување. Ова е порака што ние можеби денес меѓу Македонија и меѓу Грција конечно ја прифаќаме и работиме на оваа кауза и најмалку што можеме да направиме е својот личен интерес и сите калкулации особено за нашата политичка иднина да ги вложиме за општиот интерес, а општиот интерес налага да ставиме точка на ова прашање и да ја свртиме страницата и да ја отвориме иднината на Република Македонија.

Благодарам.

 

Конзуларни услуги