Соопштенија

Заменик министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, денес оствари средба со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар.

 

12

На средбата беше разговарано за евроинтегративниот процес на Република Македонија, притоа беше потенцирано дека членството во Европската Унија останува врвен приоритет и дека по објавувањето на Стратегијата, повторувањето на препораката од ЕК за отпочнување преговори со ЕУ и заклучоците од Самитот ЕУ-ЗБ во Софија, се врати европската перспективата на регионот, со што се предвидува поблиска и поинтензивна соработка помеѓу Европската Унија и земјите – кандидати.

Во контекст на европските интеграции на Република Македонија, ЗМНР Жерновски истакна дека единствената пречка е конечно отстранета. Долготрајниот спорот за името со Грција конечно се затвори при што договорено е заемно прифатливо име од двете земји. Искажа очекување на претстојниот ЕУ Самит да биде донесена одлука за доделување на датум на Република Македонија за отпочнување претпристапни преговори.

Амбасадорот Жбогар го поздрави договорот постигнат за изнаоѓање заемно прифатливо име од двете страни и истакна дека Европската Унија и натаму ќе продолжи со својата поддршка во процесот на пристапување на Република Македонја во Европската Унија. Во тој контекст повлече дека успехот да се добие датум за отпочнување преговори нема да биде успех само за земјата, туку е и успех на сите чинители во Унијата.

Конзуларни услуги