Соопштенија

Прес конференција на МНР Димитров и МНР Мас во Берлин

Транскрипт

press 1 1

МНР Димитров:

Почитувани граѓани, почитувани медиуми, драг Хајко,

Ми претставува голема чест и привилегија што имам прилика лично да те запознаам, ние разговаравме по телефон претходно, меѓутоа (н.з. ова е) прва лична средба.

Многу сме и’ благодарни на Германија за поддршката, за нас Германија е исклучително важна земја, нашиот прв трговски партнер. Земја во којашто гледаме еден столб на Европа, базирана на принципи, на свет  каде што владее меѓународното право и меѓународните правила, исто така базирани принципи.

Македонија живее историски денови, недели и месеци. На добар пат сме да затвориме еден спор, којшто беше како камен и ни’ го отежнуваше прогресот, и не’ заклучи во чекалната каде што поминавме доста многу години. Македонија е земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 год. Оваа година добивме 9-та препорака од Европската комисија дека сме спремни да започнеме (н.з. со преговорите). Ова чекање создаде и кризи, меѓутоа, како што велат „никогаш немој да пропушташ добра криза“, научивме и добри лекции.

press 2

Македонија денес се бори за истата Европа којашто вие во Германија ја живеете. Сакаме да немаме спорови со соседите, сакаме да имаме независни судии, сакаме да имаме слободни медиуми, сакаме да имаме одговорни политичари.

Ние сме генерација што мора да ја заврши работата, што мора да го затвори - не други сили, туку самите ние (н.з. да го затвориме) македонското прашање, да нема веќе прашалници кои сме, да нема прашалници дека зборуваме македонски јазик и да ја отвориме перспективата и иднината за следната генерација. Ќе ја завршиме нашата задача и ова го правиме без никакви домашни политички калкулации. Ова го правиме мислејќи каква Македонија сакаме за 5, за 10 или за 15 години од денес.

Преземено од DW на македонски јазик

Имаме историска шанса да затвориме прашање во време кога нема многу шанси за успех, не само во Европа, туку и во светот; и мислам дека за сите ќе биде добро: и за Македонија и за Грција и за Балканот и за Европа и за светот - ова прашање да се затвори. Многу е важно, бидејќи нашите главни мотиви, покрај пријателството со Грција, се да ги започнеме преговорите со Европската унија и да се зачлениме во НАТО Алијансата. Многу е важно, и благодарен сум за поддршката на Хајко, на Германија воопшто, Македонија да добие политичка одлука од Европскиот совет кон крајот на овој месец, во јуни, за почеток на преговори и да добие покана за членство во НАТО, бидејќи само така компромисот што го постигнавме ќе биде win win за двете страни.

Ние сме денес во свет којшто има многу проблеми и мислам дека немаме лукуз да не ги користиме шансите кога се создадени, за решавање на проблеми. После решавањето на овој спор, Македонија веќе нема да има ниту едно отворено прашање со ниту еден сосед. Ние немаме гранични спорови. Постигнавме Договор за пријателство минатата година со нашиот источен сосед, со Република Бугарија. Кон крајот на оваа година, доколку се’ оди според планот, а ќе направиме се’ да оди според планот – ние ќе бидеме без билатерални спорови и ќе бидеме земја која ќе шири таков дух, такво пријателство и ќе бидеме од помош на сите оние коишто се’ уште имаат спорови во нашиот регион, на Балканот.

Одговор на МНР Никола Димитров: Нашата одговорност беше да создадеме шанса и да понудиме можност на нашите граѓани да се изјаснат каква иднина сакаат. Договорот предвидува референдумско изјаснување што би требало да се случи некаде оваа есен, можеби до крајот на септември или почетокот на октомври оваа година. Мислам дека најодговорно и за Владата, којашто е спремна да се соочи со својата политичка одговорност, создавајќи ја шансата граѓаните да се изјаснат, и Парламентот и Претседателот не смеат да застанат на патот и да ја заменат волјата на граѓаните. Историските победи и историските успеси никогаш не се лесни. Наше е да правиме се’ што можеме секој ден. Јас веднаш по посетата на Берлин се враќам во Скопје, имаме владина седница на којашто ќе се разгледува текстот на Договорот. Се разбира дека ќе има и различни мислења, меѓутоа политички одговорно е да го оставиме изборот на граѓаните и притоа да им кажеме зошто мислиме дека ова е добра работа за нашата земја. Убеден сум дека граѓаните ќе го направат правилниот избор.

 Aудио фајл од прес-конференција на МНР Димитров и МНР Мас

Конзуларни услуги