Соопштенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес го прими словачкиот амбасадор Роберт Кирнаг, директор во словачкото МНР, задолжен за подготовка на словачкото претседавање со ОБСЕ, во 2019 година.

 

Dimitrov Kirnag 01

Амбасадорот Кирнаг го запозна министерот Димитров со текот на подготовките на претседавањето со ОБСЕ во 2019 год, презентирајќи ги приоритетните области на словачкото претседателство. Како поранешен Амбасадор на Словачката Република во Република Македонија, потенцирајќи ги континуираните словачко-македонски односи, директорот Кирнаг ја искажа целосната поддршка на Словачка за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ и НАТО и спрoведувањето на реформите во оваа насока.

Dimitrov Kirnag 02

Министерот Димитров и’ посака успех на словачката Влада за преземањето на Претседателството на ОБСЕ во 2019 година и ја изрази целосната поддршка и подготвеност на Република Македонија за соработка за време на нивното претседавање. Исто така, МНР Димитров го запозна амбасадорот Кирнаг со активностите на Владата на Република Македонија во контекст на европските и евро-атлантските интеграции.

Dimitrov Kirnag 04

Конзуларни услуги