The World in Macedonia

Во организација на Амбасадата на Австралија во Република Македонија, на 25 април 2018 година, на британските гробишта во Скопје беше одржана церемонија на одбележување на Националниот ден на сеќавање – денот на АНЗАК.

 

IMG 458d804414359bddc7fa17a408e332bb V

Претставници на Министерството за надворешни работи на Република Македонија положија венец во сеќавање на загинатите војници на Австралискиот и Новозеландскиот Армиски Корпус (АНЗАК). 25 април 1915 година е денот кога Австралија и Нов Зеланд го одбележуваат споменот на 50-те илјади австралиски и новозеландски војници кои се истоварија на Галиполе во Турција и беа нивните први војници кои се приклучија на сојузничките војски во Првата светска војна.