Соопштенија

Денеска, 4 април 2018 година, министерот за надворешни работи на Република Македонија, во рамките на својата прва работна посета на Француската Република, оствари средба со својот француски домаќин, министерот за Европа и надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан.

 

Dimitrov Le Drian 01

На средбата, Министрите изразија задоволство од заемните заложби за внесување нова динамика во политичкиот дијалог, кој е во функција на збогатување на севкупната билатералната соработка меѓу Република Македонија и Француската Република.

Во разговорот, министерот Димитров го истакна значењето што Република Македонија им го придава на односите со Франција, како на билатерален план, така и во контекст на европската и евроатлантската иднина на Република Макдонија. Тој му потврди на својот француски колега дека Република Македонија настојува, преку своето проевропско надворешнополитичко делување, да ѝ биде сериозен и кредибилен партнер на меѓународната заедница. Исто така, МНР Димитров го запозна својот француски колега и со преземените реформски активности на Владата во светло на европските и евроатлантските интеграции, но и пошироко, во контекст на улогата на Република Македонија, како катaлизатор на регионалната соработка и стабилност.

Dimitrov Le Drian 02

Министерот Димитров се сретна и со Филип Етиен, дипломатски советник на францускиот претседател Емануел Макрон, каде аргументираше зошто Република Македонија е можноста за заеднички успех на Балканот годинава.

2018 04 04 PHOTO 00002665

2018 04 04 PHOTO 00002668

Посетата на Министерот започна со обраќање во реномираниот Институт за меѓународни односи - ИФРИ, каде што на темата „Постигнувањата на Владата на Република Македонија во насока на остварување на заложбите за интеграција во европските и евро-атлантските структури“ беа разменети мислења со француски експерти од областа на европските прашања, Балканот и меѓународната политика.

Dimitrov IFRI 03

МНР Димитров изјави:

„Балканот е регион кој географски припаѓа на Европа и кој економски е во истиот брод.  Балканската мигрантска рута покажа колку е важен овој регион за Европската безбедност и колку е потребно предизвиците на регионот да ги решаваме заедно“.

„Враќањето на геополитиката во нашиот регион, на некој начин, е резултат меѓу другото и на недостатокот на ангажираност од страна на ЕУ во изминатите неколку години. Се надеваме дека идните чекори, меѓу кои и извештајот на Европската Комисија што го очекуваме на 17 април- ќе поттикне зголемена вклученост.“

Dimitrov IFRI 01

„Потребно ни е повеќе од Франција на Балканот. Би било добро да се зголеми присуството на Француските компании, но и на политичкото внимание. Свесен сум дека новото лице на Франција е фокусирано кон иднината на Европа, кон нејзината консолидација, кон обезбедување на обединет пристап за решавање на важните прашања. Се осмелувам да препорачам дека таа важна визија треба да опфати и таквиот активен европски ангажман на Балканот“.

За време на посетата, министерот Димитров ќе оствари средби и во Националното Собрание на Франција и Сенатот.

Конзуларни услуги