Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски, денес, оствари средба со Потсекретарот за економски развојни прашања во Министерството за надворешни работи на Естонија, Ваино Рајнарт кој претстојува во нашата земја на чело на естонска бизнис делегација.

 

Image 1 1

На средбата, беше изразено обострано задоволство од остварениот напредок во  односите и соработката меѓу двете земји. Во овој контекст, паралелно со интересот за натамошен развој на меѓусебните односи на политичко ниво, беше разговарано и за можностите за унапредување на економската соработка, како и за интересот на Република Македонија за дозаокружување на договорната соработка.

Државниот секретар Димовски информираше и за реформските приоритети на Владата на РМ, како и за активностите за реализација на стратешките заложби за членство во Европската Унија и НАТО.

Конзуларни услуги