Соопштенија

Денес, во Владата на Република Македонија, беше одржана средба на владините делегации на Република Македонија и Босна и Херцеговина предводени од претседатeлот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

 

Bosna 01

Во рамки на посетата, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Игор Црнадак ја потпишаа Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји. Со потпишувањето на Спогодбата, на граѓаните Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта.

Bosna 02

Конзуларни услуги