Соопштенија

 

Денес во Брисел, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, оствари средба со сенаторот Крис Марфи, копретседавач на Поткомитетот за Европа во Комитетот за надворешни работи на Сенатот, на која учествуваше и Сузан ДелБене од Претставничкиот дом на САД.

MIC 7591

Димитров и Марфи разменија мислења за актуелните состојби во Република Македонија и Регионот, заеднички констатирајќи ги важноста и потребата од што побрзо евроатлантско интегрирање на Република Македонија.

Министерот Димитров го запозна сенаторот Марфи со реформските постигнувања во однос на евроатлантската агенда како и со актуелностите во процесот на разговорите со Грција во правец на надминување на разликата околу името.

MIC 7585

За време на состанокот, МНР Димитров изјави:

-„Република Македонија е незавршена работа за НАТО и во 2018 година се нуди одлична можност за заокружување на стратешката определба на македонските граѓани за полноправно членство во Алијансата”.

MIC 7581

-„Напорно работиме на системските реформи во правосудството и разузнавачките системи и го засилуваме својот партнерски ангажман во борбата против глобалниот тероризам и екстремизам и градењето на мирот во Авганистан“.

По престојот во Брисел, сенаторот Марфи ќе ја посети Република Македонија каде ќе учествува на комеморативните настани по повод 75 годишнината од депортацијата на Евреите од Македонија.

Конзуларни услуги