Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија Виктор Димовски, денес, прими делегацијата на Федералното министерство за Европа, интеграции и надворешни работи на Австрија и амбасадорите на Австрија во регионот на ЈИЕ предводена од амбасадорот Клаус Волфер.

 

VD20180309OA 4238

Амбасадорите на Австрија од земјите од Југоисточна Европа претстојуваат во Република Македонија заради учество во работата на Конференцијата, што се одржува во Скопје во периодот од 8 до 10 март, во организација на Австриската амбасада во Скопје.

За време на средбата беа разменети мислења во врска со стратегијата на Австрија за земјите од Западен Балкан, перспективите на проширувањето на ЕУ и текот на подготовките за претстојното австриско претседателство со ЕУ, во втората половина на 2018 година.

VD20180309OA 4272

Државниот секретар Димовски осврнувајќи се актуелниот момент во односите меѓу Европската Унија и Република Македонија, ја реафирмира нашата приоритетна цел - почеток на преговорите за пристапување во Унијата, при што ги запозна присутните со активностите кои ги презема македонската влада во насока на исполнување на критериумите за членство во Европската Унија. Посебен акцент беше ставен на исполнувањето на итните реформски приоритети.

Државниот секретар Димовски, исто така, информираше за активностите за унапредување на односите и соработката со соседните земји, во насока на градење на клима на заемна доверба, и во овој контекст за напорите за решавање на разликата со Грција околу нашето уставно име.

VD20180309OA 4255

Осврнувајќи се на тековните активности во односите со Европската Унија, Државнииот секретар Димовски го изрази очекувањето претстојните настани од европската агенда да го трасираат патот на Република Македонија кон посакуваната и зацртана цел – отпочнување на претпристапните преговори со Европската Унија.

Конзуларни услуги