Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во Брисел, на инаугуративна церемонија го означи возобновувањето на активностите на Групата „Пријатели на Република Македонија" во Европскиот Парламент, предводена од холандскиот евро-пратеник Ханс ван Баален, од редовите на АЛДЕ.

 

2018 03 07 PHOTO 00001592

2018 03 07 PHOTO 00001594

„Пријатели на Република Македонија" е неформална група, составена од пратеници во Европскиот Парламент од различни политички групи, која во изменет и проширен состав по пауза од речиси три години, ја динамизира својата работа.

Групата е замислена како своевиден форум на обезбедување поддршка на Република Македонија во нејзините европски аспирации и цврста поддршка на нејзиниот европски пат.

Министерот Димитров пред присутните евро-пратеници, изјави:

„Вашата поддршка за нашите напори да изградиме демократска, стабилна, просперитетна и европска Република Македонија, е значајна и мотивирачка”.

„Обновувањето на работата на групата “Пријатели на Македонија”по три години од нејзиното формирање, е вистински сигнал за поддршка на новото лице на Република Македонија: демократско, фокусирано кон иднината и европско”.

2018 03 07 PHOTO 00001603

„Би сакал да одадам признание на Европскиот Парламент за придонесот кон нашите напори за трансформација на нашето општество; голема благодарност што сте со нас и во добро и во лошо”.

„Вашата поддршка е инвестиција за европската иднина на нашата земја и регионот”.

„Групата пријатели на Македонија ќе има недвојбено значајна улога во претстојниот период, одлучувачки за нашата европска кандидатура. И покрај тоа што ова е извонреден состав, се надевам дека бројот на пријатели на Македонија постојано ќе расте”.

2018 03 07 PHOTO 000016035

За време на настанот, МНР Димитров оствари куси разговори со неколку евро-пратеници.

 2018 03 07 PHOTO 00001604

2018 03 07 PHOTO 00001608

Конзуларни услуги