Соопштенија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими на средба Јан Хекер, советник за надворешна политика на германската Канцеларка Ангела Меркел, кој престојува во работна посета на Република Македонија.

 

ND20180306OA 4188

МНР Димитров се заблагодари за козистентната поддршка на СР Германија за европската перспектива на Република Македонија и во тој контекст, го поздрави договорот за формирање нова коалициска влада во Берлин, како икслучително значаен за регионот, Европа и пошироко.

Министерот Никола Димитров го запозна соговорникот со  текот на реформите неопходни за европската и евро-атлантската перспектива на Република Македонија. Притоа, посебно внимание беше ставено на предизвиците во тој процес, вклучувајќи го и текот на преговорите со Грција за надминување на разликата околу името.

ND20180306OA 4189

Советникот Хекер увери дека идната германска Влада ќе ја продолжи својата активна улога за интеграцијата на Република Македонија и регионот во ЕУ и НАТО, истакнувајќи дека Западниот Балкан останува врвен приоритет на германската надворешна политика. Тој исто така ги поздрави напорите на Владата на Република Македонија за спроведувањето на домашните реформи и позитивниот и проактивен пристап во односите со соседите.

Конзуларни услуги