Соопштенија

Денес, 5 март 2018 година Државниот секретар во МНР Димовски ја прими Мајлинда Брегу, кандидатот на Република Албанија за Генерален секретар на Советот за Регионална Соработка, и амбасадорот на Република Албанија во Република Македонија, Фатос Река.

 

Image 1

На средбата Мајлинда Брегу официјално ја претстави кандидатурата за позицијата Генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, БиХ, за периодот 2019-2021 година.

Во разговорот, позитивно беа оценети активностите и придобивките од соработката во рамките на Советот за Регионална Соработка, како и развојот на билатералната соработка меѓу двете соседни земји.

Г-ѓа Брегу беше кусо примена и од Министерот за надворешени работи на Република Македонија, Никола Димитров.

Конзуларни услуги