Соопштенија

Државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски денес оствари средба со Бригадниот генерал на Армијата на Словенија, Милко Петек кој престојува во работна посета на Република Македонија.

 

Средба на ДСЕК со БГ Милко Петек 1 слика

На средбата, Државниот секретар Димовски, изрази задоволство поради ревитализирањето на фокусот на НАТО во Регионот на Југоисточна Европа и  потврдената посветеност на Алијансата за политиката на отворени врати  врз основа на индивидуалните заслуги на земјите аспиранти. Во овој контекст, тој изрази благодарност и за континуираната поддршка од страна на Словенија за остварување на нашите аспирации за евро – атланската интеграција на Република Македонија.

Средба на ДСЕК БГ Милко Петек 2 слика

Бригадниот генерал Петек ја потврди отворената поддршка на Словенија за остварување на стратешките определби на нашата земја за членство во НАТО и воедно ги поздрави активностите на Владата на Република Македонија на реформски план, како и за натамошно унапредување на односите и соработката со земјите од непосредното и поширокото соседство.

Конзуларни услуги