Соопштенија

Државниот секретар во Министерството  за надворешни работи Виктор Димовски денес оствари средба со Снежана Малеева, Генерален директор на Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа, (СЕЛЕК), со седиште во Букурешт.

 

Средба на ДСЕК со Директор на СЕЛЕК МАЛЕЕВА

На средбата Државниот секретар Димовски искажа задоволство од учеството на Република Македонија во активностите на СЕЛЕК, и во овие рамки од воспоставената соработка на планот на размена на информации, спроведување на заеднички истраги и регионални операции, а во функција на поефикасна борба против организираниот криминал во Југоисточна Европа.

Заеднички беше изразено очекување за натамошна зајакната координација и партнерство на релевантните безбедносни институции од земјите членки на СЕЛЕК во борбата против прекуграничниот организиран криминал, како еден од најсериозните предизвици со кој се соочува нашиот регион.

Конзуларни услуги