Македонија во светот

На 26 февруари по повод 14 годишнината од авионската несреќа во која загина ППРМ Борис Трајковски и членовите на делегацијата пред спомен – обележјето кај Матича Брда, Ротимље, општина Столац кај Мостар беше одадена почит за загинатите.

 

mostar 01

По тој повод, венци свежо цвеќе положија делегација од Владата на Република Македонија, која ја сочинуваа министерот Зоран Шапуриќ, министер без ресор, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија и заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески, претставниците на Кабинетот на ПРМ Ѓ. Иванов, Вела Трајковска, Борис Кузмановски и Зоран Минковски, делегација на МНР на БиХ, делегација од Министерството за одбрана на БиХ, делегација од Министерството за сообраќај и комуникации на БиХ, претставници на Град Мостар, претставници на Херцеговачко-неретванската жупанија, претставниците на Армијата на Република Македонија кој учествуват во Операцијата EUFOR ALTEA во Босна и Херцеговина и претставниците на македонските здруженија во БиХ.

mostar 03

Конзуларни услуги